„Животот ми го зеде највредното“: Сузана Турунџиева за големата трагедија што ја доживеала – тага која не поминува
Огромна трагедија се случила во семејството на македонската водителка.

Турунџиева сподели емотивна објава која расплака многумина.
Таа е жената која има неколку професии и во сите одлично се снаоѓа.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Пејачка, водителка, професорка по музичко и писателка. Тоа е Сузана Турунџиева.
И покрај се грижлива мајка на две прекрасни девојчиња Лора и Матаеа, а и баба на малиот Јаков. За него Турунџиева вели дека е единствениот маж кој ѝ го заробил срцето: „Тој ме има „купено“ за цел живот.
Неговата насмевка, прегратка, особено неговиот мирис, се најголемиот подарок за мене“, вели гордата баба.
Во животот доживеала многу подеми и падови, а од сите лоши ситуации секогаш се издигнувала како феникс.
Важи за исклучително храбра и борбена и секогаш сама се бори низ животот.
На својот Фејсбук профил раскажа за една од неклкуте трагедии кои ги доживеала.
На 12 ноември 2001 година, згаснал животот на нејзиниот брат.
На годишнината од неговта смрт таа сподели фотографија од детството, направена за време на новогодишните празници, на која позира со нејзиниот брат.
Во опис напиша:
„12 ноември 2001…
Денот, после кој ништо не е исто😩…
На тој ден животот ми го зеде единственото братче Панде – најдоброто и највредното во нашето племе, ама пак ми подари неколку скапоцени женски и машки братчиња кои не ме оставија никогаш сама, дури и тогаш кога јас кренав раце од себе…
Фала ти животе“.