Реклама
CelebrityНовости

Животната приказна на ѕвездата Драгана Мирковиќ – пејачката слави 20 години брак, детали кои многумина не ги знаат

Реклама

Љубовта на Драгана Мирковиќ и Тони Бјелица трае уште од далечната 1998 година.

Во далечната 1968 година е родена Драгана Мирковиќ, една од најголемите балкански ѕвезди.

Маркетинг

Пораснала во шестчлено семејство со мајка, татко, сестрата Душица, баба и дедо.

Кога Драгана имала само една година, докторите воспоставиле дека колковите и се исчашени и предвидувале дека еданта нога ќе и биде пократка кога ќе порасне. Поради тоа се до втората година малата Драгана била по болници, на операции и во гипс.

Маркетинг

– Родителите ми беа очајни, мајка ми многу плачеше. Беше трагедија да имаш женско дете кое не може убаво да оди. Нашиот стар кум рече: „Немој да плачеш, тоа дете ќе биде посебно“. До втората година бев по болници, долго време во гипс, на терапии, одвоена од мајка ми бидејќи не дозволуваа да биде со мене. Тоа е голем грев кон децата што не се со мајката додека лежат во болница беспомошни. За мене тоа беше страшна траума, долго време се плашав од болници, имав и ноќни  кошмари, сонови кои трееа до тинеџерските денови, раскажа Драгана во една прилика.

Уште како мала сфатила декка музиката е нејзина љубов, а најмногу сакала да слуша музика која и ја свирел нејзиниот дедо на хармоника. Набрзо во селото Касидол се прочуло дека постои „чудо од дете“ и продуцентите дошле во нејзиниот дом да и предложат да сними плоча, но  нејзиниот татко не се согласувал.

Првата песна „Имам момче немирно“, снимена во 1984 година, на свои 16 години, а истоимениот албум се продал во повеќе од 160.000 примероци. По ова нејзината кариера тргнала во нагорна линија и хитовите сами се нижеле.

Драгана сепак не сакала да се откаже д школувањето, па така вонредно завршила средно трговско училиште.

Член на „Јужен ветер“ станала во 1986 година и со овој музички состав пеела на турнеи низ цела поранешна Југославија, заедно со Синан Сакиќ, Шемса, Миле Китиќ.

Четири години подоцна, точно во 1990 го напуштила „Јужен ветер“, и започнува со соло кариера и станува една од најбараните пејачки на Балканот.

Многу радио станици ја прогасииле Драгана Мирковиќ за пејачка на годинаа, а во животот има освоено преку 40 награди за пејачка на годината, најпродавани албуми, хитови. Освен во пеењето Драгана Мирковиќ се испроба и во глумата, па глумеше во филмот “Slatko od snova“ во 1994, станува збор за девојче кое работи во ресторан за брза храна, а сонува за голема слава.

Бизнисменот Тони Бјелиќ, човекот на нејзиниот жживот, Драгана го запознала во Виена во 1998 година. Ги споил организаторот на нејзиниот тамошен концерт, на прв поглед се заљубиле еден во друг и година дена одржувале платонска љубов, додека на Драгана не и дошло преку глава, ги спакувала куферите и заминала кај Тони во Виена.

По кратко време живеење, Тони одлучил да јазапроси Драгана, а тоа го направил во автомобилот. Додека чекале на семафори да се запали зелено светло, тој го извадил прстенот, а пејачката веднаш рекла „Да“.

По месец дена на 28.септември 1999, Мирковиќ се омажила за љубовта на својот живот, а пред него била со тројца мажи, но со ниту еден не планирала брак. Со Тони доби две деца Марко и Мануела, кои се воспитани толку скромно како да не се деца на познати родители. Тие жиеват во богатство и изобилие, дури имаат и вистински дврец во Виена.

Нивната брачна идила во 2017 година малку се нарушила откако Тони завршил во болница и имал операција на мозокот и воспаление не белите дробови, но сето тоа завршило успешно.

Денес Драгана и Тони живеат мирен живот и важат за најхармоничен пар на естрадата, а овој месец ќе прослават 21. брак.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button