CelebrityНовости

Животите на турскиот Бред Пит и неговата сопруга во опасност – ФАНОВИТЕ загрижени, мораше да реагира и полицијата

Advertisement

Неговите бројни фановис се загрижени

Advertisement

Еден од најпознатите турски актери, 36-годишниот Киванч Татлитуг, најпознат на нашата публика по улогата во сериите „Ѓумуш“ и „Забрането овошје“, поминува низ многу тежок период во последните неколку недели.

https://www.instagram.com/p/CDpadWiBJpX/

https://www.instagram.com/p/CDcJxk8hs-w/

Advertisement

https://www.instagram.com/p/B-6AEfJA4hy/

 

Имено, на Киванч и неговата сопруга, шармантната стилистка Башак Дизер, им се закануваат дека ќе ги yби јат, пишуваат странските медиуми. Двајцата веќе контактирале со полицијата, а на лицето што им се за канyвало му е забрането да се приближува во следните месец дена.

Како што пишуваат одредени медиуми, станува збор за Синан Алтонтас, кој до неодамна беше во врска со актерката Хазар Ергучулу, која што се прослави со генијалната улога во „Плима и осека“. Откако двајцата се разделиле, Синан ги молел Киванч и Башак да разговараат со Хазар и да ја замолат да се врати кај него. Но тоа го направил со закани по нивниот живот доколку тие не го не го сторат тоа, па тие го решиле да го пријават во полиција. Избори блиски до Синан за медиумите изјавија дека тој има проблеми со менталното здравје и дека е болен млад човек кој всушност не е злонамерен.

https://www.instagram.com/p/ByFNT2hAslt/

https://www.instagram.com/p/BSzZjTxjW35/

 

Фото: Инстаграм/ Киванч Татлитуг

„Секако дека не им е сеедно заради заканите, затоа контактираа со полицијата. Тие се сигурни дека Синан не би го сторил тоа навистина, но беше најдобро да преземат одредени мерки“, заклучи извор близок до парот.

Проблеми во бракот?

Инаку, за познатиот актер кој поради својот изглед турските медиуми го нарекуваа Бред Пит на Блискиот Исток, неодамна се пишуваш дека сака да се раздели од сопругата затоа што таа цело време тајно, на сите начини се обидувала да ја спречи бременоста. Тие иако подолго време се бореле против стерелитетот, наводно убавата Дизер цело време пиела контрацепциски таблети бидејќи не сакала да остане бремена. И тоа без негово знаење.

Како што пишуваа тогаш турските медиуми, познатиот актер размислува да поднесе барање за развод поради ова. Интересно е и тоа што неговата мајка, Буртен Татлитуг, не присуствувала на венчавката на нејзиниот син во Париз.

Фото: Инстаграм/ Киванч Татлитуг

Тогаш турските медиуми објавија дека таа не можела да дојде поради здравствени причини, но некои нејзини коментари на социјалните мрежи тогаш ги наведоа неговите фанови на тоа дека таа Башак не ја смета за „соодветна снаа“.

Неодамна се пишуваше дека Киванч по потекло е од Босна и Херцеговина. Во интервју за еден турски медиум тој самит има изјавено дека се уште ги истражува своите корени кои досегаат до Балканот, односно до Босна.

Тој земјата на своите предци прв пат ја запозна во 2008 кога за потребите за снимање на последната серија од „Љубов и одмазда“, кога го посети Мостар.

И покрај тоа што е еден од омилените актери во Турција, важи за крајно скромен и приземјен човек.

„Секако дека се сакам себеси, но никогаш не стојам пред огледалото и да се гордеам на одразот во него. Не сум таков. Изгледот е дар од Бога и работа на гените. Сакам мојот талент да зборува за мене, а не убавината“, изјави своевремено Киванч во интервју за турските медиуми.

Тежи околу 20 милиони

Киванч важи за еден од најплатените и најпопуларните актери во Турција, но и на Блискиот Исток. Низ медиумите се „шушка“ дека тежи околу 20 милиони долари, а заради преголемата сличност со Брд Пит го викаат турскиот Бред Пит.

https://www.instagram.com/p/BsAZJCnlm8B/

https://www.instagram.com/p/B34dVJHgzDf/

 

Роден е 27 октомври 1983 година во Адана, а како што откри самиот во едно интервју неговиот татко Ердем е Албанец од Приштина. Неговото семејство има пекара во Адана. Тој заврши приватно средно училиште и сакаше да стане кошаркар – висок е 187 сантиметри и има светло сини очи.

За време на неговиот престој во Истанбул тренира со јуниорските екипи на клубовите Бешикташ и Фенербахче, но по повреда на ногата се откажал од кошарката. Тогаш влегува во манекенските води и во 2002 година е прогласен за најдобриот турски и светски модел.

https://www.instagram.com/p/CEPUAU1g7Qw/

https://www.instagram.com/p/CD036A4A_fz/

 

https://www.instagram.com/p/B9gfqYfgQ13/

 

Покрај манекенството ќе започне да се занимава и со глума, а кариерата како актер ја започнува во 2007 година кога се појави во турската комедија Американци на Црно море каде што го толкуваше ликот на Музафер.

Истата година ја добива и улогата на Мехмет Шадоглу во популарната турска серија „Ѓумуш“ со која веднаш се прославува.

Со убавата стилистка Башак Дизер се ожени во 2016.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button