Жељко Јоксимовиќ откри непознати детали за ќерките близначки
Пејачот и неговата сопруга уживаат во моментите поминати со своите наследнички
Во семејството на пејачот Жељко Јоксимовиќ е весело, а интересно е и како нивните ќерки близначки реагираат кога наместо своите омилени цртани јунаци ќе ги видат тато и мама на малите ТВ екрани. Жељко тврди дека близначките Ана и Срна се свесни за нивното присуство на телевизијата, но нивните реакции се различни.
https://www.instagram.com/p/BocZIVsnGwo/
Имено, според зборовите на Жељко, Ана очигледно е мамино галениче, додека Срна е ќерка на тато! !Срна е малку повеќе свесна, додека Ана повеќе реагира на мама. Им направив шпица за утринскиот програм и штом ќе се слушне музиката, Ана, што и да прави ќе го остави тоа и ќе каже: „мама“! Тоа значи дека има музичка асоцијација дека после шпицата ќе ја види мама и тоа ми се допаѓа. А Срна реагира на мене“, беше искрен познатиот пејач, а пренесе Glossy.