Реклама
Новости

Жална вест: Надја повеќе ја нема – Скопската ЗОО со еден член помалку

Реклама

Мојата другарка додека пешачев сабајлечки. Надја убавицата мирно небо,играј си со жирафите горе“, напиша Ѓорги Галетановски, поранешникот директор на скопската Зоолошка градина.
Тој убавата тигрица ја опиша како заштитен знак на градската установа.

За жалната вест известија и од ЗОО-Скопје.

Маркетинг

„Со големо жалење Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден во длабока старост мирно не напушти нашата сибирска тигрица Надја која беше еден од најстарите тигри во Европа 💔
Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди“, стои на објавата.

Маркетинг
фото/ Игор Паневски

Надја во Скопје ЗОО живееше заедно со својата ќерка Ана и како една од најстарите жителки на градината беше миленичка на сите вработени.

Ќе ја паметиме по нејзината грациозност, секогаш љубопитна за игра, долгите капења во базенот, како и по љубовта која ја имаше кон своите зоонегуватели кои во последните денови од нејзиниот живот направија се да и биде полесно, со оглед на длабоката старост која ја доживеа. Надја, многу ќе ни недостасуваш“, велат од ЗОО.

Сибирската тигрица Надја беше  родена 2002 година во Франција, а во Скопје живееше цели 13 години.
Овој вид крупни ѕверови -тигри во просек живеат околу 10-12 години во дивина, а од 16-18 години во зоолошките градини. Нашата Надја имаше речиси 21 година и за неколку години ја надмина просечната граница на векот на живеење. Најдолг животен век на овој вид во заробеништво досега е забележан кај мажјак сибирски тигар кој живеел 23 години.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button