Реклама
LIFESTYLEВирално

Е ова е за пофалба, а не како овие нашите со палмите – ученици НЕМА да можат да завршат училиште ако не посадат по 10 дрвца

Реклама

Новиот закон на Филипини предвидува секој ученик дека мора да засадат најмалку 10 дрвца за да ја заврши годината во основното, средното училиште и факултетите, објави Си-Ен-Ен.

„Со повеќе од 12 милиони дипломирани ученици од основно образование, речиси пет милиони ученици кои завршиле средно образование и речиси 500.000 дипломирани студенти секоја година, оваа иницијатива, ако правилно се имплементира, ќе осигура дека годишно се засадуваат најмалку 175 милиони нови дрва. Во една генерација, во рамките на оваа иницијатива, може да се сади до 525 милијарди дрвја “, вели Гери Алеано, автор на предлогот.

Маркетинг

„Дури и со стапка на преживување од само 10 проценти, ова би значело дека ќе има 525 милиони дрва на располагање на младите луѓе во кои тие ќе можат да уживаат кога ќе го преземат водството во иднина”, додаде тој.

Дрвјата ќе бидат засадени во шумски предели и заштитени подрачја, цивилни и воени подрачја, потоа урбани области, сите според плановите за озеленување на единиците на локалната самоуправа.

Маркетинг

Исто така, ќе биде засадена околу неактивни и напуштени рудници и на сите други погодни земјишта.

Дрвјата што ќе се садат треба да бидат соодветни за локацијата, климата и топографијата на областа, а приоритет ќе имаат автохтоните дрвни видови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button