Реклама
Наши ѕвезди

Емотивна порака на ќерката на Анета по разводот – пејачката ги потврди гласините, ја напушта „Молика“

Да, точно е дека се разведувам и ја напуштам групата. Но ќе го почитувам договорот, до август идната година да ги одржиме сите настапи, вели пејачката за Гламур.мк.

Реклама

Бисерниот глас на Македонија, извонредниот вокал кој се чини може да отпее се, пејачката Анета од групата „Молика“ за Галмур.мк открива дека повеќе нема да биде дел од групата.

Деновиве името на Анета Молика е по сите таблоиди, се пишува за ненадејниот развод со нејзиниот сопруг и колега Џими.

Маркетинг

По 22 години брак, тие се одлучиле за разделба. Парот важеше за еден пример за љубов и хармонија.

Маркетинг

 

Бидејќи нашиот медиум не функционира на трач и гласини нашиот тим директно стапи во контакт со пејачката.

Ја прашавме дали се точни информациите дека се разведува?

– Најпрво, ви благодарам што ме исконтактиравте и ме прашавте директно за разлика од многу други кои без дозвола пишуваат што треба и што не треба.

Да точно е дека се разведувам и ја напуштам групата. Но ќе го почитувам договорот, до август идната година да ги одржиме сите настапи, вели пејачката за Гламур.мк.

На јавноста веднаш и падна во очи и тоа што Анета на социјалните мрежи го проемни своето презиме. Таа објави фотографии со ќерка ѝ  Моника, која е дете од бракот со Џими.

Таа сега е потпишана како Анета Љумаковска, нејзиното моминско презиме.

Пејачката сподели неколку нови фотографии со убавата Моника, нивната ќерка,  која е копија на мајка си.

На Анета денеска ѝ е роденден, а како ќерка ѝ и го честита роденденот ќе  ви го стопи срцето. Мони очигледно е голема поддршка на мајка ѝ во овој тежок период за семејството.

фото/Инстаграм

Благодарам за целата неизмерна љубов. Ти го заслужуваш светот. Биди најсреќна.Те сакам!

Анета го сподели ова стори на нејзиниот профил и напиша:

Благодарам мајкина лепотице!

 

Се огласи и Џими Мицевски, во телефонски разговор за Вистина.мк ја потврди веста за разводот.

-Вистина е. „Молика“ ќе продолжи бидејќи имаме договорени настапи до следната година во август. Не сме ни први, ни последни. Разводот е во постапка, а за останатото и причините не мора да се коментира. „Молика“ ќе продолжи да си работи, а Анета ќе биде со групата, тоа е нејзин избор, завршува Мицевски во изјавата.

 

Причината за разводот на двојката и понатаму  останува непозната за јавноста.

Факт е дека групата „Молика“ ќе изгубат еден дијамант бидејќи тешко кој би ја заменил Анета во пеењето.

Среќен роденден Анета од тимот на Гламур.мк!

 

Еве како колегите и пријателите и го честитаат роденденот на славната пејачка…

фото/Инстаграм

фото/Инстаграм

фото/Инстаграм

фото/Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button