Манекенката Емили Ратајковски со години негува коса со средна должина и не е склона да ги менува фризурите.
Но, понекогаш исто како и сите други славни личности, и таа ќе посегне по периките, и секој изглед што го пробала досега ќе биде одличен за неа. Но, на Инстаграм, посебно одекна нејзината последна фризура со која се пофали и ги воодушеви сите. Имено, убавата манекенка објави фотографија на која има кратка залижана коса и носи класичен машки костум, а воодушевените обожаватели во коментарите се распишаа комплименти поради нејзиниот неодолив изглед.
https://www.instagram.com/p/BsuFKoDhNeK/?utm_source=ig_embed
„Убава”, „Сензационална”, „Секси”, се само некои од бројните епитети што таа ги доби од своите обожаватели на кои очигледно им се допадна нејзиниот момчешки изглед со нејзината неизбежна доза на голотија.
https://www.instagram.com/p/BmlfzFvlsVL/?utm_source=ig_embed
Но ако Емили ви се допаѓа повеќе со долга коса, не очајувате, бидејќи, како што веќе споменавме, станува збор само за перика.