Емина повторно е вљубена, но овој пат не е во прашање милионер или БИЗНИСМЕН, туку едно сосема обично момче од Турција

Познатата пејачка има ново момче
https://www.instagram.com/p/CC0fD-Zn-iR/
Емина Јаховиќ има ново момче. во прашање е програмерот Рон Гурчај со кого пејачката се гледа веќе месец дена.
Но како што пишуваат медиумите, пејачката се уште го крие како змија нозете и заедно не се појавуваат во јавност.
Емина и Рон се уште не се подготвени заедно да се појават пред фановите на пејачката, па се кријат од сите. Често седат во еден ресторан во близина на нејзиниот дом и кога се заедно делуваат заљубено. Рон доаѓа и кај неа дома, а се запозна и со синовите на Емина, пишува Информер според нивен извор и објаснува зошто Јаховиќ го крие својот избраник.
https://www.instagram.com/p/CEPTS3cHfMG/
https://www.instagram.com/p/CEKO0jCnB0M/
Рон не е милионер како нејзините претходни момчиња, но заработува солидно. Тој живее во еден град во внатрешноста на Турција, но во последно време се почесто е во Истанбул за да биде поблиску до Емина.
Нејзе и годи вниманието, но внимателна е бидејќи знае дека досега повеќе пати згрешила кога се мажите во прашање.
Нејзините врски со турските богаташи завршија неславно.
Година дена беше во врска со симпатичниот милионер Садетин Саран и тој и беше најголема љубов по разводот.
Тие се разделија во октомври и Емина долго време патеше по него. Подоцна се обиде да започне врски со бизнисмените Салих Чечен и Ибрахим Кутлаја, но и тоа не траеше долго. Затоа сега се надева дека врска со едно обично момче ќе и донесе среќа во животот, вели истиот извор.
Инаку, на почетокот од летото за Емина се пишуваше дека е во врска со Салих Чечен кој наводно одел во истата теретана со неа во која и се родила љубовта меѓу нив двајцата.
Како што пишуваа турските медиуми тогаш, Емина неколку месеци ја криела врската со помладиот син на турскиот милионер Ибрахим Чечен, сопственик на една од најголемите компании во Турција, а кој не се разликува многу од нејзиното претходно момче, Садетин Саран.
Имено, и двајцата се тешки неколку милиони, се занимаваат со инвестиции и вложуваат во туризмот. Што се однесува до новото момче, тој живее во потполно различен свет од нив, па затоа и сите се заинтересирани за нивната врска.
https://www.instagram.com/p/CEHF_syHyUs/
https://www.instagram.com/p/CDpEDImnIzR/
https://www.instagram.com/p/CCENQptn4Rr/
https://www.instagram.com/p/CBfVGejjzuL/
https://www.instagram.com/p/CBXleMJnsyR/
https://www.instagram.com/p/CAfFl2-HEwX/
Инаку, Емина неодамна објави нова песна „Кризирам“ која веќе брои милионски прегледи, а како што самата изјави, околу аранжманот и самиот текст и помогнал нејзиниот поранешен сопруг. Но за нив двајцата се шушкаше и дека се вратиле на старото, но овие вести за новата љубов на познатата пејачка ги демантираа ваквите гласини.