Елена Ристеска НИКОГАШ не изгледала подобро – драстично го промени ИМИЏОТ, па реши да се пофали со нови „папарацо“ фотографии

Што и да облече изгледа убаво и сензуално

Нашата позната пејачка која во последно време е презафатена со промоција на новите парфеми од нејзината козметичка линија Ера, конечно најде време и за самата себеси.
Таа замина во Охрид од каде не воодушеви со своето смело издание со кое никого не остави рамнодушен.
Имено, само неколку дена откако позираше во преубаво „корона“ издание, кога носеше фармерки, боди, интересно сако со риги и во впечатлива зелена боја, а целото издание го заокружи со розова маска за лице, таа повторно покажа дека е дама со став и дека има посебно чувство за мода.

Овој пат таа позираше во „мало“ црно фустанче со кое во центарот на вниманието го стави своето тело.

Имено, таа позираше покрај базен, но наместо костим за капење, Елена носеше црно кусо фустанче.

Во прашање е модел со речиси целосно отворен грб, а убавата пејачка позираше боса, додека се разладува во базенот. Нема дилема дека Ристеска во ова „мало“ црно фустанче им се допадна на своите верни фанови, што можеме да го видиме и по бројните ласкави коментари што ги доби на социјалните мрежи, а единствено што остана нејасно е кој е „авторот“ на овие интересни фотографии.

Како и да е мораме да признаеме дека Елена во последно време изгледа сé подобро и подобро.
Па, како ви се допаѓа Елена во ова издание?
НАШИ ПРЕДЛОЗИ
Во продолжение погледнете и неколку интересни предлози со кои би можеле да го позајмите ова издание на Елена…

















Фото: Лулус