Една од најшармантните водителки во Македонија ги изненади сите со ЕМОТИВНАТА порака што му ја посвети на својот татко!
„Татко ми има 4 жени во својот живот и сите го сакаме“
Познатата водителка со емотивна честитка за роденденот на нејзиниот татко.
Таа е една од ретките кои зрачат со убавина, шарм, одмереност и дамско однесување.
Елена Стојановска скоро секое утро плени со нејзината харизма и смиреност на малите екрани. Таа е дел од утринската емисија „Ја сакам Македонија“ која се емитува секој ден на Сител телевизија.
Секогаш средена од глава до петици, Елена изгледа неверојатно.
Елена е доста активна на социјалните мрежи, па често знае да сподели и по некоја приватна фотографија, па така беше и овојпат.
Таа доста посветена на своето семејство, а сега со семејна фотографија таа го честиташе роденденот на нејзиниот татко.
-Татко ми има среќа да има 4 жени во својот живот и признавам сите комплицирани, ама тој некако умее со секоја од нас. Јас и сестра ми го викаме тато, ќерка ми Пејче, мајка ми Пејо, инаку тој се вика Илчо. Околу името не се сложуваме, ама околу една работа, да, го сакаме најмногу на светото од најмалата до најголемата. Среќен роденден тато-напиша Елена и објави фотографија.
На фотографијата се таа нејзината ќерка Илина, сестра и нивните родители.
Она што е очигледно е дека убавината и елеганцијата во ова семејство е наследна, а гените си го направиле своето.
Жените која од која се поубави, а малата Илина преслатка, но нема сомнеж дека ќе израсне во убавица.
Водителката често споделува и фотографии од своето семејство.
Таа во интервју за Гламур кажа дека нејзиното семејство ја прави среќна и ѝ го разубавува секој ден, но и дека големо задоволство ѝ претставуваат патувањата.
„Успешно реализирана емисија е дел од професионалната радост и задоволство. Но, приватно среќна ме прави моето семејство што мислам дека е идентично за сите нас. Многу сакам дружби со другарките и јас не кријам дека другарствата многу ги негувам. Конечно, голема среќа за мене е и кога патувам некаде, тоа ни е заедничка страст со мојата љубов“, вели водителката.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска