Реклама
Наши ѕвезди

Една е мајка: Тања Савиќ е принудена да позамува пари за да си ги земе децата, упати апел за помош до колегите, а сопругот и се заканува со експлицитна снимка

Реклама

Популарната млада пејачка реши да ја земе судбината во свои раце и да го реши проблемот кој ја мачи со месеци. Таа е одлучна да се бори што поскоро да ги врати назад синовите кои сопругот Душан Јованчевиќ ги однесе во Австралија без нејзина дозвола.

„Да не беше короната и целата оваа ситуација што ми се случи со парите, одамна би била во Австралија. Јас се потпирав на неговата добра волја, човечност и законот. Не велат за џабе дека правдата е бавна, а да видиме дали е достижна. Зборував со моите и единствено решение е моментално да одам во Австралија и да се борам за децата, рече таа.

Маркетинг

Пејачката верува дека нема да биде лесно, но и дека нема друго решение.

Маркетинг

„За жал, мислам дека во ваква ситуација само мајките може да ме разберат. Ќе видам од кого ќе позајмам пари, не е мала сума, па ќе ги враќам од настапите. Се надевам дека ќе ги имам. Децата веќе сѐ под негово влијание и кога ќе успеам да ги добијам, сѐ повеќе се воздржани и студени. Тој може да прави со нив што сака и да ги насочува како сака. Не смеам да чекам, па да стане доцна за сѐ“, заклучи пејачката.

Тања Савиќ веќе пет месеци е одвоена од синовите Максим и Ѓорѓе, откако нејзиниот, сѐ уште законски сопруг Душан Јованчевиќ, бесправно ги однесе во Австралија.

Таа е решена, дека е мора работите да ги земе во свои раце и да се спротивстави на намерата на сопругот целосно да ја одвои од децата.

Тања веќе некое време стравува дека нејзиниот сопруга Душан ќе ги оствари заканите и ќе ги објави нивните приватни с*кс снимки, велат извори блиски до пејачката. Имено, заканите од Душан почнале неодамна, кога во телефонски разговор ја предупредил Тања дека со порно снимка ќе и го уништи угледот доколку не престане да дава изјави во медиумите.

На Душан тешко му паднало што повеќе не може да ја контролира Тања и што конечно престанала да молчи за сето лошо што ѝ го направил. Воопшто не очекувал дека таа јавно ќе зборува против него после 9 години брак. Бидејќи сѐ до сега Душан бил тој што одредува што и кога ќе зборува во јавност, се почувствувал загрозено како никогаш во животот, се налутил и се сетил дека Тања единствено може да ја запре со јавно понижување пред синовите и семејството, вели извор и открива дека Јованчевиќ, откако Тања јавно ги изнела сите детали од нивниот однос, ѝ се заканил со приватните снимки настанати уште на почетокот од бракот.

– Од страв дека Тања ќе открие токму се за физичкото и психичкото злоставување кое го претрпела, ја потсетил дека се уште ги чува сите с*кс снимки кои ги направиле. Индиректно ја потсетил дека им било убаво додека се снимале во текот на с*ксот и порачал дека многумина би сакале да ја видат во такво издание. Била шокирана зошто без оглед на сѐ, таа е мајка на неговите деца. Почнала да плаче и да му се дере и да му зборува дека го мрази. Токму и на тоа сметал, па повторно и се заканил дека би било штета нивните синови да ги прозиваат на училиште поради нивната порно – мајка, наведува изворот, кој тврди дека Тања е многу исплашена, бидејќи поради срамот нема да може да се обрати ниту во полиција, ниту на семејството.

Била многу млада кога се согласила на с*ксуалните игри на Душан, иако никогаш не била тој тип на девојка. Некои снимки настанале пред да ги добијат децата, а некои нешто подоцна. Никогаш не и било полошо од сега, а советите од неколкуте пријатели да се обрати до полицијата не ги слуша. Верува дека со тоа уште повеќе ќе го разбесни сопругот и дека тој од одмазда ќе го уништи животот на нивните синови. Но ако некогаш се случи да ги објави снимките, Тања тоа нема да може да го преживее, вели нејзиниот пријател.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button