Реклама
Вирално

Единствен симптом на коронавирус кој може да остане до крајот на животот: Тешко се лекува, а ова мора да се прави секој ден

Реклама

Губењето на сетилото за мирис и вкус се симптоми на новиот вид коронавирус кој се повеќе ги заразува луѓето во целиот свет.

„Најмногу ми недостасува мирисот на мојот син кога ќе го бакнам, мирисот на телото на мојата жена“, рече Жан Мајкл – Мејлард кој боледува од аносмија, симптоми од кои се погодени се повеќе заразени од коронавирусот.

Маркетинг

Аносмијата претставува губење на мирисот, и се означува како невидлив хендикеп со кој психички тешко може да се живее, и за кој нема лек. А не само што има се поголем број на заразени луѓе од корона вирус кои се борат и со аносмија, а некои се доочуваат со долготрајно губењето на мирисот, пренесува Хина.

„Аносмијата ти ги одзема мирисите во животот, и тоа е вистинско мачење“, рече Мејлард, кој е претставник на француската група која им дава поддршка на заболените преку Здружението Аносмие.

Маркетинг

Кога страдате од аносмија тоа значи, да не можете да го почувствувате мирисот на утринското кафе, на свежо искорената трева или мирисот на сапунот на кожата, додава Мејлард кој од губењето на сетилото за мирис страда откако доживеал несреќа.

„Стануваш свесен за важноста на мирисот дури откако ќе го загубиш“, порача тој.
Она што е многу важно, е што луѓето боледуваат од недостаток на сетилот за мирис, не можат да реагираат на опасност зошто не го чувствуваат ниту мирисот на чад, истекување на гас, но и смрдливи канти за ѓубре.

Аносимијата вилјае и на доживувањето на храната: корона на листата на причинители „и конзумирањето на храната целосно е поинакво искуство зошто не можеме да го почувствуваме мирисот на она што сакаме да го јадеме најмногу“, рече Алејн Кор, оториноларинголог во париската болница „Ротшилд“, па додаде дека носните полипи, хроничниот ринитис, дијабетес, Алцхајмер или Паркинсонова болест се само некои причини за аносмија, а сега на таа листа се наоѓа и ковид.

„И кога луѓето трајно ќе го изгубат сетилото за мирис, ги забележуваат промените во квалитетот на животот и кај нив се развива ниво на депресија која не може да се занемари“, додаде Кор.

Доколку таквата состојба потрае, треба да се побара стручна помош.

„Да се биде лишен од сетилото за мирис месец дена, не претставува поголем проблем. Но после два месеца, тоа станува проблем, а после 6 месеци поединецот е потполно сам во замка“, рече Мејлард.

Нема специфична терапија за лекување на аносмија. Како што рече Кор, треба да се пронајде нејзината причина, а „проблем кај аносмијата поврзан со короната е што лекувањето на вирусната инфекција нема влијание на враќањето на сетилото на мирис“.

„Првите податоци покажуваат дека околу 80 отсто од пациентите со ковид-19 за помалку од месец дена, а често и побрзо – во осум до 10 дена“, истакна и додаде дека на останатите оваа болест може да ги уништи носните рецептори кои ги детектираат мирисите. Сепак, добра вест е дека овие рецептори можат да се регенерираат.

Две болници во Париз „Ротшилд“ и „Ларибоисиер“ направија студија “КовидОРЛ“ за аносмија, и тестирале различни начини на измивање на носната шуплина.

Лекувањето на база на кортизон се покажа како ефикасно, напомена Кор, додека другиот пристап е повторно учење на мирисите.

Кор препорача да се изберат пет мирисни намирници или зачини, како цимет и мајчина душица. Треба да ги вдишува овие мириси и истовремено да ги набљудува зачините или намирниците два пати дневно по 5 до 10 минути.

„Од март добивме стотици повици и мајлови од луѓе заразени од коронавируст, кои побараа помош зошто го изгубиле сетилот за мирис“, рече Гарден.

Оваа програма минатата година ја помина Мејлард па успеа да запамети четири мириси, а денеска веќе памети 10, а меѓу нив се мирис на риба, цигари и етерично масло од ружа.

„Успеав да пронајдам дури и парфем кој можам да го помирисам“, порача тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button