Единствената сцена која беше исфрлена од серијата „Среќни луѓе“ поради експлицитна содржина
Хумористичната серија „Среќни луѓе” беше една омилените телевизиски остварувања од поранешните југословенски простори за луѓето на сите возрасти.
Но дали сте знаеле дека една сцена од оваа серија никогаш не беше емитувана поради експлицитна содржина? Причината за тоа е што Јелисавета Сека Саблиќ, легендарната српска актерка, во еден здив искажа премногу пцовки.
Таа доби бројни пофалби за улогата на легендарната секретарка Маријана Колаковиќ, а на нејзините фрази ретко кој можеше да не се насмее.
https://www.youtube.com/watch?v=dimcekxalcw
Конкретно во контроверзната сцена, таа ги испраќа „почитуваните” гости, па ќе се занесе и ќе почне сочно да пцуе, во еден здив кажувајќи куп навредливи зборови. На крајот, на одговорните им се чинеше дека тоа е премногу, и овие кадри не беа прикажани во серијата.
Погледнете уште некоја од легендарните сцени со незаменливата Сека во „Среќни луѓе”: