Вирално

Еден сопственик на приватна компанија за празниците им приреди изненадување на работниците какво никој не очекуваше

Advertisement

Работниците од една приватна компанија од Мичиген се воодушевени од неверојатниот подарок што го добија за празниците.

Advertisement

Компанија „FloraCraft“одвои бонуси за своите 200 работници во вкупна вредност од речиси 4 милиони долари.

Тоа е фабрика за производи од пена, кои се продаваат во многу американски синџири на продавници, како и преку „Амазон”, а се наменети за украсување и во цветната индустрии.

Компанијата е основана во 1946 година, а нејзиниот сегашен извршен директор и сопственик, Ли Шенкер, ја води од 1973 година. Тој на 14 декември, ја објави одлуката за бонусите на свечената вечера со своите вработени. Работниците му аплаудираа, а некои дури и заплакаа од среќа.

Advertisement

„Тоа е она што Ли сакаше да го направи со години. Во февруари тој пред управниот одбор кажа ‘Мислам дека оваа година мораме да смислиме како да го направиме тоа‘”, изјави Ерик Ервин, еден од главните менаџер на „FloraCraft”.

Како што најавија од компанијата, секој бонус е направен со оглед на тоа колку долго работникот работел во компанијата. Работниците ќе го добијат бонусот во два дела. Првиот дел ќе го добијат во готово до крајот на следната година, а другиот на сметката до крајот на март 2020 година.

 

Вредноста на бонусот ќе биде од 20.000 до 60.000 долари по работник. Компанијата ова го чуваше во тајност се до свечената вечера кога ги соопштија бонусите, за целото време држејќи ја својата намера како строго доверлива тајна.

Инаку, во „FloraCraft” никогаш немало отпуштања поради технолошки вишок или поради неодговорно работење.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button