CelebrityНовости

ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН: Тој беше најголем ФРАЕР во поранешна Југославија, го сакаа МИЛИОНИ, а тој ЛУДУВАШЕ само по една жена!

Advertisement

Велимир Бата Живоиновиќ роден на 5.јуни 1933 а почина во 2016 година.

Advertisement

Тој докажа дека има неверојатен талент во глумата. Играше со леснотија во воените филмови, социјалните драми и во драмите.

Пленеше со специфичниот шарм и оставаше впечаток на екранот како автентична личност, а не актер.

Advertisement

Не се знае кој пребројувал, но стои податок дека на планетава не постои актер, освен Бата кој го гледале толку во светот.

Дури 14 милијарди луѓе. Одиграл повеќе филмски улоги од било кој актер во историјата на југословенската кинематографија. Играше херој, каубоец, доктор, шегаџија и секоја негова улога оставаше голем траг.

Воениот спектакл „козара“ и „Битка на неретва“ му донесоа ореол на херој во партизанското движење и еден до најголемите ѕвезди на кинематографијата на поранешна Југославија.

Умееше да се шегува како еден и единстев во кариерата и играше и заводник во филмот Рајка Грлиќ „U raljama života. Кратка комична епизодаа која ден денес се памети по неговиот хумор.

Маркантен, згоден со ведар дух, привлекуваше внимание кај режисерите, пибликата и жените.

Сепак, остана еден од малкубројните од етаблираните заводници кои во животот го завела само една жена, својата Јулија.

Љубов на втор поглед

За него целиот живот била Лула. Долго не живееше по неговото заминување, а ја запознал како млада сестра на својот другар, уште кога носела пелени.

Обрнал внимание на неа кога игра кошарка, кога сфатил дека пораснала во преубава девојка “ Беше тоа љубов на втор поглед“, вака зборуваше Бата за Јулијана.

– Мојата жена и нас тројцата, синот Милиј, ќерката Јелена и мене не изведе на пат, ова често го изјавувал актерот.

Во актерството упаднал низ прозорец

– Низ прозорец ги гледал пробите на аматерите во Друштвото „Бранко Крсмановиќ“. Со дофрлување успеал да го сврти вниманието кон себе, па режисерката Соја Јовановиќ го повикала д влезе.

Зборуваше дека таа е виновна што се заљубил во глумата, а друштвото во тој подрум му биле идни великани во актерството.

Таткото на Бата не бил среќен што неговиот син се занимава со уметност, а Бата во мешувреме работел и учел занает. Од трет обид бил примен на белградската театарска академија и студирал во класата со Раде Ѓурич, Ружа Сокиќ, Никола Симиќ… На дипломската престава во Народниот театар оценет е со највисока оценка.

 

Валтер ја покори Кина

По неколку години на театарските престави почнале да се нижат филмовите и улогите за темата „Втората Светска војна“, а во еден од најпознатите „валтер го брани Сараево“ режисерот Хајрудин Крвавц, стана митски јунак кој ја покори цела Кина и стана нивна мега ѕвезда. И денес во таа земја го паметат дури и младите генерации.

Филмови за големи награди

Остави и голем траг по бисерите во седмата уметност, какви се филмовите Čovek iz hrastove šume“, „Tri“, „Breza“, „Most“, „Tren“, „Dorotej“, „Balkan ekspres“, „Majstor i Margarita“…

Два пати доби златна арена за најдобра улога на фестивалот за југословенски филм во Пула, доби награда на Меѓународниот филмски фестивал во Москва, Октомвриската награда во Белград, Седмојулската награда СР Србија, бројни награди на Филмскиот фестивал во НИш, а 1993 година е награден за животно дело.

Бата, Борис биле браќа по филм

Остана забележано дека Мика Антиќ на улица во Нови Сад видел две момчиња, крупни, како плачат како деца бидејќи не поминале на приемот во Академијата.

Им рекле дека немаат никаков талент. Тие момчиња биле Велимир Живоиновиќ и Борис Дворник. Биле блиски семејни пријатели, но во 1991 година тие се скарале, и им требало речиси 15 години за повторно да се смират.

 

Извор: Србијаданас

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button