Реклама
Вести

ЕВE КАКО ИЗГЛЕДА ТУНЕЛОТ НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА ДАНКА Откриен e под имотот на кој последен пат било виденo девојчето ФОТО

Реклама

Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор се уште трае. Денеска два специјалистички тимови со кучиња спасувачи обучени и тренирани да бараат и спасуваат луѓе од урнатините и на отворено започнаа со детално пребарување на просторот околу куќата, пред која исчезна девојчето.

Вчера земјиштето околу куќата на исчезнатото девојче беше расчистено со багер за да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во потрагата.

Специјалистички екипи за спасување од урнатините на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно го пребаруваа тунелот, подземните канали и шахтите со вкупно должина од околу 4,5 километри, во месноста Бањско Поље до градот Бор, и во таа прилика не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ.

Маркетинг
mup

По повеќе од 70 часа детално пребарување на теренот во Бањско Поље, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат интензивно оперативно за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за исчезнувањето на детето.

mup

Од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март, во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа неколку стотици припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од околу 10 квадратни километри.

Маркетинг
mup
mup

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button