Реклама
Вирално

Еве што ќе се случува со Палчо во Турција – неговата екстрадиција сега е во рацете на овој човек

Нови детали околу ексрдадицијата на Палчо од Турција

Реклама

Екстрадицијата на Палчо би можела да потрае…

И покрај тоа што нашето министерство за правда беше брзо во подготовката и предавањето на документите за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, сепак неговото испорачување би можело да трае со месеци.

Министерството за правда доби известување дека нивните колеги во Турција го примиле барањето, но денес тие соопштија дека за екстрадицијата на Палевски ќе бидат потребни месеци, а не денови, и дека понекогаш постапките знаат да траат и со години.

Маркетинг

Но како што соопштуваат од Секторот за меѓународна правна помош при нашето Министерство за правда, нашата власт сепак не очекува целиот процес да трае премногу и се надеваат дека ќе биде пред јуни.

Маркетинг
Фото: МВР

„Ние бевме многу брзи. Палевски има право да се жали на се и да се бори против екстрадицијата, соопштуваат од таму“, пренесе „Телма“.

Од друга страна и Стево Пендаровски очекува екстрадицијата да оди брзо и од неговата канцеларија беше испратена порака до турскиот претседател Тајип Ердоган во врска со целиот случај.

Потсетуваме, Палевски беше уапсен на 5 декември откако по него беше распишана меѓународна потерница.

Фото: Фејсбук

Тој во Турција пристигна преку Србија и Бугарија, а покрај него обвинителството покрена истрага уште против пет други лица, меѓу кои и таткото на малата Вања, Александар. Таа ладнокрвно беше убиена истиот ден кога беше грабната од влезот на зградата во која што живееше заедно со нејзината мајка и сестра.

Инаку, покрај изјавите на осомничените кои го посочија Палчо како извршител на убиствата, Турците очекуваат и материјални докази, односно резултати од обдукција и причина за смртта.

Фото: Гугл мап

Во меѓувреме, обдукцијата на телата на убиените е завршена, но обвинителството се уште нема потврдено дали се прибрани наодите од Судска медицина за двојното убиство на Вања Ѓорчевска (14) и Панче Жежовски (74).

Според шефот на Основното јавно обвинителство во Скопје, Гаврил Бубевски, сите докази зборуваат на истиот јазик со кој што зборуваат и осомничените, односно тие недвосмислено укажуваат на извршителите на ова свирепо и монструозно злосторство што го потресе регионот.

Фото: Фејсбук

Тој исто така не сакаше да даде конкретен одговор и дали мотивот останува ист, користољубие, но и дали автомобилот со кој беше грабната Вања е снимен од системот „Безбеден град“ или со некои други камери.

Крајната одлука за екстрадиција на Палчо ќе ја донесат политичарите во Турција?

Според експертите, турските власти нема да ја имаат предвид само одговорноста на Палчо во случаите за кои што е обвинет, туку и политичкиот дел. Па така ако тој изјави дека го прогонуваат затоа што е политички дисидент и дека во Македонија му е загрозен животот, тогаш турските власти ќе мора детално да го разгледаат случајот. Но како што велат и експертите, и да биде донесена одлука од страна на судските органи во Турција Палчо да биде екстрадиран, и тоа да биде експресно брзо направено, на крај повторно конечната улога ја носат политичарите, односно министерот за правда во Турција.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Порталикс

Како што вели адвокатката Зора Добричанин во емисијата „Уранак“ на К1 ТВ, крајната одлука ја носи министерството за правда на земјата во која што осомниченото лице се наоѓа, што значи дека на крај екстрадицијата ќе се сведе на политичка одлука на властите во Турција.

Зградата од која беше грабната Вања

Но како што потенцираше и Добричанин, имајќи ја предвид тежината на делото со кое е осомничен Палчо, очекувањата се сепак тој брзо да биде испорачан и да биде изведен пред лицето на правдата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button