Реклама
Наши ѕвезди

Еве што се славеше во домот на една од НАЈУБАВИТЕ ВОДИТЕЛКИ во Македонија – честитки пристигаат од сите страни!

Реклама

Убава мила и секогаш насмеана.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска

Водителката Елена Стојановска важи за една од најубавите жени во земјава која секогаш зрачи со елеганција.

Нејзиното лице ни го разубавува секојдневието речиси секој ден на утринската програма на ТВ Сител.

Маркетинг

Средена од глава до петици, Елена секогаш изгледа беспрекорно, а таква е и во работата.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска

Таа денеска има убав повод за славење. Денес и е роденден, па многумина и честитаа на социјалните мрежи, а меѓу честитките се најде и честитка од нејзината мајка.

Маркетинг

Гордата мама постави фотографија со нејзината ќерка на која и стави налепница круна, но се чини заборави да ја „тагне“, па Елена го направи тоа и ѝ се заблагодари па се пошегува.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска

„Фала мамо, па може и да ме тагнеш. Те сакам колку цел универзум“ напиша Елена.

Честитки доби од своите пријателки и тимот со којшто работи во Сител.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска

Освен што неуморно работи, таа е активна и на социјалните мрежи, па често споделува со своите фанови како изгледа нејзиниот работен ден.

Водителката често споделува и фотографии од своето семејство.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска

Таа во интервју за Гламур кажа дека нејзиното семејство ја прави среќна и ѝ го разубавува секој ден, но и дека големо задоволство ѝ претставуваат патувањата.

Елена е во брак со Огнен со кого стапија во брак во 2010 година, а плод на нивната љубов е ќерката Илина, со која водителката се труди да има другарски однос.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска

„Се опуштам со мојата Илина. Таа расте толку брзо и со неа се смеам вистински и од срце. Таа ми е ќерка, но во исто време си градиме и многу интересен другарски однос. Омилениот афтер ворк ми е кога спокојно со неа си го пијам попладневното кафе и ги откривам нејзините размислувања за нештата. Искрено, јас многу работи учам од нејзината мала, умна, убава главичка“, кажа Елена за Гламур.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска

]

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button