Еве што им одговори најубавата жена на светот на оние што ја критикуваа за изборот на нејзиниот фустан за моминска вечер
Една од најубавите актерки на светот беше критикувана од своите обожаватели бидејќи за својата моминска вечер носеше фустан од овој бренд.
Пријанка Чопра за својата моминска вечер во Њујорк носеше бел фустан со пердуви од познатата модна куќа „Marchesa“, но заради тоа беше критикувана.
Имено, една од основачите на Marchesa беше и Џорџина Чапман, поранешната сопруга на Харви Вајнстајн. И откако се појавија обвинувањата за сексуално вознемирување од страна на познатиот холивудски продуцент, повеќето ѕвезди го избегнуваа овој бренд, но не и поранешната Мис на светот која наскоро се мажи за Ник Џонас
Но таа не им остана должна и им одговори на сите што ја критикуваа што избрала фустан со потписот на овој бренд.
https://www.instagram.com/p/BpiN5z1nJAn/?utm_source=ig_embed
„Џорџина е моја пријателка и тоа отсекогаш била. Ништо не е нејзина вина. Мислам дека е погрешно да се изживувате со жена која сама ја изградила кариерата за нешто што некој друг до направил. Тоа е погрешен став. Тоа беше прекрасен фустан и заслужува да го носи некоја идна невеста. Во неа се чувствував како принцеза и беше одличен избор“, изјави Пријанка.
https://www.instagram.com/p/Bpf73ClAndV/?utm_source=ig_embed