Реклама
Новости

Еве што зборуваше Ѓорѓе Давид пред несреќата – овој детаљ предизвикува морници, како да претчувствуваше

На познатиот музичар му е одземен пасошот, личната карта и дозволата – не е во притвор, но изречена му е мерка на претпазливост и има обврска да му се јавува на судот додека трае истрагата за несреќата.

Реклама

Познатиот музичар доживеа сообраќајна несреќа

Музичарот и член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, доживеа сообраќајна несреќа во Македонија.

Тој ќе остане во нашата земја додека истрагата не заврши, а Обвинителството во Куманово му определи мерки на претпазливост. Исто така на музичарот Обвинителството привремено му ги одзеде пасошот и останатите документи (лична карта и возачка дозвола) за преминување на граница, со обврска да се јавува во Судот.

Маркетинг

Познатиот музичар учествуваше во тешка сообраќајна несреќа во која згина 49 годишна жена на автопатот Куманово-Табановце.

Маркетинг

Несреќата се случи откако едно возило влегло на автопатот во недозволена насока, по што удрило во друг автомобил.

Принтскрин/ Инстаграм, 192.рс

По судирот, жената излегла од едниот автомобил, а на неа налетало возило со српски регистарски таблици.

Од здобиените повреди, жената починала, а Ѓорѓе Давид, беше полесно повреден, по што му беше укажана помош.

Фото: Фејсбук

Инаку, Ѓорѓе само еден месец пред несреќата откри дека најголема среќа во претходната година било тоа што автомобилот го служел добро.

„2023 година ќе ја памтам по победата во ‘Ѕвездите на Гранд’, по големиот број концерти, по тоа што Сташа (неговата ќерка) запиша Музичко училиште и се покажа како извонреден талент. Секој нејзин јавен час за мене беше сериозен стрес и радост на крајот. Секако, кога нема да биде добра јас тоа ќе го кажам бидејќи сум многу суров кон неа“, истакна Ѓорѓе пред само месец дена за медиумите, а потоа го додаде и следново:

„Исто така ќе ја паметам 2023 и по тоа што автомобилот феноменално ме служеше цела година, што за нас музичарите е многу важно. Многу часови поминав на четири тркала и затоа тоа ми е многу важна ставка во животот“, изјави познатиот пејач тогаш.

Инстаграм

Инаку, Ѓорѓе и непосредно пред несреќата се огласи, кога соопшти дека треба да патува, а временските услови се лоши.

„Тргнуваме за Србија, пред тоа малку во Ниш. Единствено што ми е ненормално е тоа што започна да вее снег. Значи вее снег во Гевгелија, тогаш мора што повеќе се оди кон север, да биде што погрозно и постудено. Мразам зима, мразам зима до коска“, изјави Ѓорѓе пред несреќата во видеото што го објави на Инстаграм.

Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button