Еве што би можело да се случи со мајката и сестрата на малолетникот што го изврши масакрот во Белград
Според психолозите, постои само едно добро решение...
Семејството на малолетниот убиец кој на 3 мај уби осум ученици и школскиот чувар во Основното училиште „Владислав Рибникар“ најверојатно ќе се пресели во странство, пишува „Пинк.рс“.
Најпрво ќе се пресели неговата мајка и десетгодишната сестра, а потоа и таткото, но откако ќе излезе од затвор.
Имено, таткото на момчето, кој е угледен српски доктор, моментално е во притвор заради злочинот што го почини неговиот син.
Како што пишува Пинк, родителите на убиецот добиле стотици закани прек интернет заради она што го направи нивниот син.
Мајката заедно со својата ќерка, која била ученичка во истото училиште во кое беше извршен масакрот, моментално се наоѓа на непозната локација. Нејзината ќерка нема да се врати во училиштето.
Како што вели психологот и судски вештак Милан Костиќ, помладата сестра на убиецот исто така е негова жртва, бидејќи до крајот на животот ќе ги сноси последиците на неговиот злочин.
Според мислењето на овој психолог, таа треба да биде максимално заштитена, бидејќи ќе биде осудувана од околината.
Од овие причини, најдобро е таа заедно со својата мајка да се иселат од земјата, некаде каде што нема никој да ги познава.
Потсетуваме, малолетниот убиец наводно никој не го посетува на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади.
Како што пренесуваат медиумите, неговата мајка воопшто не изразила желба да го види, а таткото е во притвор.