Реклама
Новости

Еве со кого ужива Лепа Брена на својата ЛУКСУЗНА ЈАХТА од 6 милиони евра – не, не е Бован во прашање!

По заедничкиот настап тие станаа пријателки

Реклама

Пејачките уживаат заедно во морската шир

Југословенската фолк ѕвезда Лепа Брена и балканската дива Сенидах споделија заеднички моменти на социјалните мрежи.

Тие се зближија по заедничкиот проект што резултираше со невиден спектакл кога на почетокот од овој месец во Белград направија концерт за кој уште долго време ќе се зборува.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Сенидах

По заедничкиот проект популарните пејачки продолжија да се дружат и во слободното време, а словенската пејачка неодамна беше на гости кај Брена во нејзината луксузна вила во Белград, а сега ја посети и на нејзината раскошна јахта.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Тие двете и оваа недела треба да настапат заедно во странство, па сега ги полнат батериите пред новиот концерт.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Брена својата пријателка ја дочека со шампањско и јагоди, а потоа сподели на Инстаграм момент од нивната дружба.

Фото: Инстаграм/ Сенидах

Пејачката покажа како наздравуваат додека седат на лежалките на јахтата и уживаат, облечени во костими за капе и со шешири.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Инаку, луксузното пловило во сопственост на Брена и нејзиниот сопруг, бова Живојиновиќ, вреди преку шест милиони евра.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Јахтата е огромна и зрачи со луксуз, а ентериерот изгледа отмено и беспрекорно, токму онака како што и доликува на Брена.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Во внатрешноста доминираат топли бои, има доста дрво и целиот простор е со внимателно избрани минималистички украси, а во една од спалните соби има и сопствен тоалет како и скапоцено уметничко дело кое стои на ѕидот над големиот кревет.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Како изгледа овој раскош во кој Брена ужива со својот сопруг и нивните заеднички пријатели, погледнете во продолжение.

Фото: Фејсбук/ Мирослава Појужина

Фото: Фејсбук/ Мирослава Појужина

Фото: Фејсбук/ Мирослава Појужина

Фото: Фејсбук/ Мирослава Појужина

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Фото: Фејсбук/ Мирослава Појужина

Фото: Фејсбук/ Мирослава Појужина

Фото: Фејсбук/ Мирослава Појужина

Фото: Фејсбук/ Мирослава Појужина

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button