Реклама
Наши ѕвезди

Еве од кого Цаци ја наследила својата убавина – таа е ПРЕКРАСНА ДАМА што сите ја знаеме (фото)

Таа е една од нашите најпознати новинарки...

Реклама

На Цаци најголема поддршка и ден-денес и претставува нејзината мајка која се занимава со истата професија.

Малкумина знаат дека мајката на познатата телевизиска новинарка и уредничка на ТВ Сител, Славица Арсова, е исто така познато телевизиско лице од Македонија. Имено, Цаци е ќерка на легендарната македонска новинарка и водителка Розета Арсова (некогашна Рајчиќ) долгогодишно заштитно лице на МРТ, уште од времето кога беше ТВ Скопје.

Нејзината ќерка Славица, меѓу пријателите и колегите позната и како Цаци, исто така важи за една од најдобрите телевизиски водителки и новинарки во нашата земја.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Славица Арсова

Таа веќе долги години е заштитно лице и уредничка на телевизија Сител, а важи и за една од омилените телевизиски лица на нашите мали екрани.

Фото: Принтскрин/ Сител

Цаци посебно се најде во центарот на вниманието кога пред целата јавност беше запросена од нејзиниот сегашен сопруг.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Славица Арсова

Имено, нејзиниот сопруг Александар Спасовски кој работи во истиот медиум пред нешто повеќе од десетина години ја запроси Цаци и тоа пред гледачите на најгледаниот централен дневник во тоа време.

Фото: Принтскрин/ Сител 

Тие се во брак од јануари 2012 година, а круна на нивната љубов е ќерката Мила која многу личи на својата позната мама.

Фото: Принтскрин/ Сител

Цаци и Александар својата емотивна врска ќе ја започнат како колеги во Сител, а запросувањето пред камерите ги изненади сите.

Фото: Принтскрин/ Сител

Цаци денес ретко зборува за својот приватен живот, но затоа одвреме-навреме знае да ги почести своите фанови со фотографии.

Таа во една пригода објави стара фотографија од својата мајка од која може да се види големата сличност помеѓу нив.

На нејзиниот пат и остварување на соништата Цаци најголема поддршка имаше токму од неа која не крие колку е горда на својата наследничка што може да се забележи и на социјалните мрежи.

Имено, таа редовно ги објавува ангажманите и интервјуата на својата ќерка направени за потребите на Сител.

Фото: Фејсбук/ Славица Арсова

Како изгледа Славица денес, но и нејзината мајка, погледнете во продолжение…

Фото: Фејсбук/ Славица Арсова

Фото: Фејсбук/ Славица Арсова

Фото: Фејсбук/ Славица Арсова

Фото: Фејсбук/ Славица Арсова

Фото: Фејсбук/ Славица Арсова

Фото: Фејсбук/ Славица Арсова

Фото: Фејсбук/ Славица Арсова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button