Еве на кои места на Западен Балкан врне снег како да е јануари – НАЈТОЧНАТА временска прогноза за да крајот на месецот!
Во Босна и Словенија падна снег
Веќе со денови метеоролозите најавуваат доаѓање на заладување, големо невреме проследено со обилни врнежи и силни ветрови, а во некои делови од Западен Балкан, веќе заврна и првиот снег за оваа година.
Студениот бран веќе направи хаос во Хрватска, а според радарските слики веќе пристигна и во соседна Србија, каде во попладневните часови би требало да се рашири низ целата земја. Како што најавија метеоролозите, за еден ден се очекува да падне дожд колку што просечно паѓа за време на цел месец октомври, така што е можно да се излијат и одредени реки.
Актуелно предупредување издаде и Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија во кое се вели дека под влијание на циклонска активност претпладнево времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со пообилни врнежи од дожд, проследени со засилен ветер и грмежи.
Времето претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат поoбилни и прoследени со грмeжи. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до зaсилен ветер од југозападен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во среда ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југозападен и јужен правец.
Променливо облачно се очекува да биде до крајот на неделата. Во четврток во попладне и во текот на ноќта, почнувајќи од запад, се очекуваат врнежи од дожд, на места пообилни и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Слично ќе биде и во петокот – променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и ќе дува умерен југозападен ветер, додека во саботата променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Снег на повисоките планини
Исто така според прогнозите температурата нема подеднакво да падне во сите делови на земјите од Балканот, така што и кај нас се очекува голем распон на западот и истокот од земјата, поради што е голема веројатноста, планинските краеви во западниот дел да бидат со снежна покривка.
Според радарските снимки, тоа би можело да се служи во следните 48 часа и тоа на повисоките места на Шара и Кораб.
Што се однесува за временската прогноза до крајот на месецот според Accu Weather веќе од следната недела повторно не очекуваат сончеви денови.
Од денес ќе почне и благ пораст на температурата, така што до крајот на месецот ќе се движи околу 18 до 20 степени.
Температурите ќе бидат приближно како и претходната недела, односно околу 18 и 19 степени Целзиусови, и претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер, претежно од западен правец.