Наши ѕвезди

Еве која е мистериозната бринета што му го зароби срцето на НАЈПОСАКУВАНИОТ маж на светот – еве што велат за неа!

Advertisement

Шармантната Никол Потуралски (27) преку ноќ стана главна тема во бројни светски медиуми.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Сега целиот свет се интересира за деталите од нејзиниот приватен и деловен живот, па така дознавме дека манекенката е родена во Германија, каде остварува завидна кариера.

Advertisement

Но таа ќе стане планетарно популарна и тоа во рок од само еден ден откако беше фатена заедно со Бред Пит.

И како што велат неговите фанови, Никол е слика и прилика на поранешните негови сопруги.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Имено, таа е совршен спој и микс на Анџелина Џоли и неговата прва сопруга Џенифер Анистон.

Advertisement

Таа е манекенка веќе 10 години и зборува течно пет јазици, а во деловниот свет позната е како Нико Мери.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Родена е во Германија и има полски корени.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Се има појавено на ревиите во Њујорк, Париз и Милано, како и на насловните во Ел, Космополитан и Мери Клер.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Никол го има синот Емилијо со кого често објавува приказни на својот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Токму на социјалните мрежи во последните неколку месеци ја споменуваше мистериозната љубов и подобра половина, но досега никогаш никого нема именувано.

Таа како мала сакала да биде морски биолог, а во паркот Дизниленд во Париз ќе ја забележи ловец на модели и нејзините родители ќе дозволат да заплови во манекенските води.

Бројни фанови веќе претпоставуваат дека Бред и Никол се во врска неколку месеци, а причина за тоа се токму нејзините мистериозни пораки на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Таа има објавено фотографија од Лос Анџелес на која истакна дека е во друштво на својата подобра половина.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Но никогаш не откри за кого станува збор.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Карантинот го помина во Лос Анџелес, а се претпоставува дека токму Бред често и правел друштво.

Бред Пит (56) и Никол излегоа заедно од приватниот авион и потоа отпатуваа на југот во Франција.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Се претпоставува дека ќе престојуваат на имотот на Бред „Château Miraval“ што холивудскиот актер го купи заедно со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли во 2011 година и тоа за неверојатни 67 милиони долари.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Токму на овој имот тие и го кажаа своето судбинско „ДА“.

Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски
Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски
Фото: Инстаграм/ Никол Потуралски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button