Вести

Еве кои граѓани наскоро ќе добијат финансиска помош од државата!

Advertisement

Граѓаните од Македонија, особено пензионерите со ниски пензии, како и социјално ранливите категории со нетрпение чекаат да ја добијат новата парична помош од државата, која се најавува од летото.

Новиот пакетот со антикризни мерки ќе биде разгледан на седница во Владата закажана за вторник. Како што најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, со мерките ќе бидат опфатени голем број граѓани и приватниот сектор.

Advertisement

Таа не обелодени детали, не кажа за колкава помош станува збор и колку месеци ќе им биде давана на социјалните категории, но нагласи дека дел од овие мерки ќе бидат за најранливите категории граѓани и за пензионерите со минимална пензија.

– За овие антикризни мерки, во буџетот се предвидени 75 милиони евра, а за идната година – дополнителни 55 милиони евра, пред сè, за продолжување на субвенционирањето на цената на електричната енергија – кажа деновиве премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisement

Тој потсети дека четири месеци во 2022 година, повеќе категории граѓани имале финансиска поткрепа од државата.

По 3.000 денари месечно добија корисниците на социјална пензија, самохраните родители, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок поради попреченост, лицата со попреченост и трајни промени во здравствената состојба што користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат права на надоместок поради попреченост.

Над 400 000 граѓани, пензионери, ученици, студенти, самохрани родители, ќе бидат опфатени со антикризните мерки кои треба да бидат усвоени утре на седница на Владата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Одговарајќи на новинарско прашање колку компании се блокирани поради неплатен данок на солидарност Битиќи рече дека според последните податоци бројот е мал, под 20.

Уште не се блокирани сите компании и секојдневно се менува бројот.

-Средствата ќе бидат искористени за антикризни мерки што очекуваме утре да бидат на седница на Владата и се насочени најранливите категории граѓани, тука спаѓа најголемата група граѓани, пензионерите, кои ќе добијат одреден надомест неколку месеци, како и ученици, студенти, самохрани родители, итн…

Буквално, најранливите категории, опфатот ќе биде навистина голем, над 400 илиајди граѓани ќе бидат опфатени со мерките, за тоа се користат средствата од солидарниот данок, рече Битиќи.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува набргу пред Владата да има предлог од работната група што треба да понуди решение за евентуално намалување или интервенции на платите на функционерите, а чие зголемување за 78 проценти од март годинава предизвика протести и барање за зголемување на примањата во јавниот сектор.

Одговарајќи на новинарско прашање Битиќи денеска порача дека е погрешно, како што рече, очекувањето кое се креира дека со намалување на функционерските плати ќе се зголемат платите во јавниот сектор.

„Во однос на тоа кога би се намалиле платите на функционерите имајќи предвид дека дел од јавниот сектор штрајкува и е во очекување на намалување на парите на функционерите за да се зголемат нивните пари, тоа е погрешно очекување и некој едноставно сака да креира такво очекување.

Кое било намалување, ако има намалување, нема да биде доволно за да се покрие евентуалното зголемување на 135 000 вработени во јавниот сектор затоа што зборуваме за 1260 избрани и именувани лица“, рече Битиќи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button