Еве како се роди љубовта меѓу Спасен Сиљаноски и неговата сопруга – познатиот фолкер откри нешто што никој не го знаеше!

Тој е еден од ретките чувари на македонската изворна традиционална македонска песна на македонската музичка сцена. Ја сака и почитува македонската музика, но и традиција.За тоа се уверуват и сите оние кои уживаат во неговите настапи не само во Македонија, туку и во дијаспората.
Најголемото богатство на пејачот Спасен Силјаноски е неговото семејство за кое секогаш со гордост зборува.
Тој во емисијата „Мгазин“ раскажа детали од приватноста кои малкумина ги знаеја.
Неговото семејство му е секогаш на прво место, а потоа се останато.
Изминатиов период додека, односно деновите на екот на пандемијата тој ги помина во своето родно кичевско. Поради сплет на околности пејачот поминал 73 дена во карантин. Триесет откако се вратил од Австралија, а останатите откако заболел со Ковид 19.

Тој е доста активен на социјалните мрежи каде јасно и директно го искажува својот став и мислење, без влакна на јазикот што би се рекло.
Му се допаѓало тоа некому или не, Спасен е голем патриот и секогаш јавно ги брани боите на својата земја.
Токму затоа некои негови статуси привлекуваат олемо внимание и реакции од јавноста.

Но, својата среќа и мир секогаш ја наоѓа во својот дом.„
„Среќата е релативна работа, некој ја доживува материјално некој духовно. За мене среќата е моето семејство. Пораснат сум во традиционално семејство кое ги почитува традиционалните културни вредности. Среќен сум кога одам дома и кога има кој да ме пречека и испрати. Среќен сум кога ќе ме разбудат во 7 сабајле моите дечиња.

Тоа е чувство кое не можам да го заменам со никакво материјално богатство.
Имам прекрасна сопруга и две дечиња. Пет години и 7 години, момче и девојче.Фала му на Бога живееме во една прекрасна хармонија, ниеден брак не е совршен, имаме полемики и недоразбирања, но секогаш завршуваат со прекрасен крај, прегратка и бакнеж“, откри Спасен во „Магазин“.

Тој на социјалните мрежи секогаш ги споделува семејните моменти, не со цел некој да му завидува на материјалното богатство, туку како што самиот вели, да се пофали со вистинското непроценливо богатство.
„Имам семејство кое ја негува македонската традиција и музика. Често пати знаеме да седнеме да се расположиме, да запееме по некоја песна.,
Секогаш на нашите седенки објавувам во живо за да се пофалам кое е моето богатство и како треба да изгледа едно хармонично, традиционално македонско семејство“, раскажа пејачот.

Тој откри и како ја запознал својата сопруга, приказна која воодушеви многумина, а скоро никогаш досега не ја кажал.
„Јас се што е поврзано околу мојот живот е интресно, кога раскажувам луѓето мислат дека се уфилмувам. Јас и мојата сопруга се имаме запознаено во Аушвиц. Во најмрачното место се роди љубов. Јас бев како музичар во Полска во концентрациониот логор, а мојата сопруга како турист. Се запознавме, во тој период кога се вратив имав несреќен случај, мојата сопруга тогаш не ми беше сопруга, ми беше девојка доаѓаше скоро секој ден кај мене на посета и не одеше во училиште туку се грижеше за мене како мојата девојка.

Се сеќавам на еден муабет кој ми го кажа мојот кум, повозрасен од мене, човек со високи морални вредноста, ми рече кога ќе бараш девојка кога ќе дојде време да се жениш немој да ја гледаш надворешната убавина. Побарај девојка кога ќе дојде време кога ќе имаш потреба ќе ти свари барем еден чај да се напиеш. Тоа го видов во тие моменти и си дадов во себе ветување дека кога ќе оздравам и ќе ја напуштам болницата ќе ја запросам. До ден денес ја одржуваме љубовта. И да се врати времето повторно би го направил истото, ништо не би променил“, кажа Спасен.

Тој вели дека неговите деца покажуваат голем интерес за музиката и дека обожаваат да го слушаат него, но дека никогаш нема да ги форсира за одредена професија, туку напротив, ќе се обиде да им пружи повеќе можности, а тие самите да одберат.
Она што сите го гледаме е тоа дека тој е голем вљубеник во спортот, а тоа се одразува и на неговиот физички изглед. Љубител е и на мотори, па често со својот мотор знае да отиде и на интересни места во природа и таму да си ги наполни батериите.

„Јас цел живот се занимавам со спорт. Имаше и период кога тоа беше професионално. Работев во униформа во Армијата на Македонија. Екстремно се занимавав со спорт. Сега не можам тоа да го правам, поради мојата сообраќајка, мојата операција не сум во можност толку да пешачам во планините, а таму го наоѓам мојот духовен мир. Поради тоа возам велосипед или одам со мотор на високите места каде сакам да истражувам, па доаѓам до недопрена природа. Се враќам дома како да сум испил 30 дијазепами. Бог е природата, доколку се соживееме и ја почитуваме, таа ни возвраќа на еден посебен начин“, заклучи Спасен.
















