Холивуд

Еве како се носи мал црн фустан – Шерон Стоун и на 60 години изгледа неодоливо!

Advertisement

Погледнете го ова фантастично издание на познатата актерка

Advertisement

Холивудската актерка Шерон Стоун отсекогаш важела за една од најсексапилните дами на светот, а тоа го потврди и со ова нејзино издание, 26 години по снимањето на еротскиот трилер „Basic Instinct“ со кој се прослави. Таа целиот стајлинг го заокружи со прекрасни и паметно избрани модни додатоци – бисерна огрлица, складни обетки и црна плико чанта од крокодилска кожа, додека на нозете „фураше“ салонки на високи потпетици зачинети со тантела.

Сепак она што најмногу остави впечаток во ова издание на познатата актерка е нејзиниот елегантен тесен фустан со кој на совршен начин го истакна своето убаво тело додека отвореното деколте суптилно ги нагласи облините.

Advertisement

Нејзината коса беше благо зачешлана наназад и додека во приватното време ретко кога можеме да ја видиме со шминка, актерката за оваа пригода им се препушти на шминкерите и се појави во прекрасно издание кое го заокружи со црвен кармин и нејзината препознатлива насмевка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button