Еве како Северина го носи трендот што го обожаваат Меланија Трамп и Кејт Мидлтон
Познатата хрватска пејачка ги полни батериите во Бодрум, град на Егејското море. Таа за прошетка низ турскиот Сен Тропе носеше црн комбинезон со точки – дезен кој е еден од водечките трендови и за оваа сезона.

Овој дезен очигледно ништо не може да го тргне во тронот бидејќи многу познати дами обожаваат да го носат.
Точките беа голем хит минатата година кога го доживеа и својот врв на популарноста, но оваа година повторно се вратија во игра откако познатите дами како Кејт Мидлтон, шоанската кралица Летиција, Еве Мендес, Хелен Мирен, Меланија и Иванка Трамп и бројни други се прошетаа со своите модели зачинети со овој разигран и женствен дезен.

Покрај ова одлично летно издание Северина деновиве не почести и со феноменална комбинација за на плажа.
Овој пат во улога на фотограф се проба нејзиниот син Александар. „Vamos a la playa. Ме фотографираше мојот син. Ми вели, мама застани тука, и намести ја косата“, напиша Севе во описот на фотографијата која сериозно може да се кандидира за „look“ на денот на Инстаграм.

Во прашање се летни класици и природни материјали, а најголемо внимание Северина привлече со „сетот“ од романтични модни додатоци – од рамните сандали, преку феноменалната чанта до шеширот.

Па кое од овие две изданија на Северина ви се допаѓа повеќе?