Реклама
Новости

Еве како реагираат децата на Кејт на тажната вест дека нивната мајка е болна и се бори со тешка болест

Овие детали никого не оставаат рамнодушен

Реклама

Откако Кејт Мидлтон во своето јавно обраќање од 22 март откри дека боледува од тешка болест, целата светска јавност беше шокирана, но и започна да се интересира за секој детаљ од нејзиниот живот.

Како што самата откри тогаш, оваа вест не ја соопштила веднаш најмногу заради нејзините деца Шарлот, Џорџ и Луј како би имале повеќе време да им ја соопштат нејзината дијагноза и да ги убеди дека ќе биде добро.

Сега странските медиуми објавија нови информации поврзани со кралското семејство во кои се вели дека Кејт по операцијата се обидувала на секој начин на своите деца да им обезбеди колку-толку понормален живот, но и да ги тргне на страна од сето она што се случуваше на кралскиот двор.

Маркетинг

Имено, принцезата од Велс претходно последен пат во јавноста се појави за Божиќ, а нејзиното отсуство предизвика бура од реакции како во медиумите, така и на социјалните мрежи.

Маркетинг

Целиот свет шпекулираше зошто е тоа така, а на принцезата и нејзиниот сопруг Принцот Вилијам најважно од сé им беше како да ги заштитат своите деца и како тие да не страдаат заради ваквите настани.

Од друга страна, магазинот „People“ објави дека Кејт најголема поддршка добивала токму од своите деца Шарлот (8), Џорџ (10) и Луј (5) кои цело време се обидувале да ја расположат со нивните насмевки, така што инсјадерот за овој магазин откри дека децата се центарот на нејзиниот свет и дека се охрабрени од извонредната отпорност на нивните наследници во овие тешки моменти.

За ова сигурно најмногу допринесе одлуката информациите за болеста на Кејт Мидлтон да не бидат соопштени веднаш во јавноста се додека не им биде објаснета ситуацијата на нејзините деца во склад со нивната возраст.

Како што пренесуваат овие медиуми, принцезата решила токму на 22 март да ја соопшти веста дека е болна од рак затоа што тогаш децата се на распуст. Во спротивно постоеја реални шанси тие да добиваа безброј прашања од нивните врсници, па тие наместо работите да ги дознаат од родителите ќе ги слушаа лошите вести од своите сокласници и другарчиња.

Потсетуваме, Кејт Мидлтон се наоѓа во рана фаза од лечењето, а со оваа тешка болест се бори и кралот Чарлс кој во јануари имаше операција заради бенигното зголемување на простатата.

Како што беше тогаш кажано од бакингемската палата, канцерот е поврзан со друг здравствен проблем.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button