Еве како Лила ужива во животот – го покажа својот раскошен дом, ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа местото каде го минува денот

Водителката на „Се или нешто“, Лила Филиповска, позната е како некој што сака да го живее животот со полни гради.

Таа знае како да ужива во хедонизмот што го практикува во секојдневниот живот, а летниот период максимално го искористи за да си ги наполни батериите и сериозно да се подготви за новите предизвици.
Таа неколку пати беше на одмор, и тоа на преубави места, од каде редовно ги честеше своите фанови со фотографии.
На некои од нив е во костими за капење, па така можевме да видиме дека е во одлична форма за свои години.

Славната убавица им пркоси на годините во секој смисла, а нејзиниот женствен изглед многумина го сметаат за совршен.

Таа секогаш знае како да привлече внимание и да предизвика лавина од реакции, па под секоја фотографија има бројни коментари и лајкови.

Тоа покажува колку македонската публика ја сака, а што се однесува до претставниците на посилниот пол меѓу нејзините фанови, тие едноставно ја обожаваат.

Но Лила овој пат не објави фотографија од самата себеси, туку на дел од нејзиниот дом во кој што живее.

Таа на својот Инстаграм сподели како изгледа нејзиниот дневен престој, каде можеме да видиме како е уреден.

На овој дел од своето катче убавата водителка има софа во нежна сина нијанса како и голем лустер со кристали, а сигурни сме дека тука некаде е и нејзиниот цимер – мачорот Рагнер за кој вели дека е нејзината љубов на прв поглед.

Како изгледа нејзиниот топол дом, но и некои други фотографии можете да видите во галеријата што следува.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
