Наши ѕвезди

Еве како изгледа сопругата и трите деца на Лазар Бараков, легендата на македонските народни приказни

Advertisement

Нема човек кој не би го препознал ликот на познатиот македонски актер со кој израснаа многу генерации.

Advertisement

Лазар Бараков со неговите интересни улоги во македонските народни приказни остави голем печат заедно со својот тим

Со неговите улоги во македонските народни приказни пораснаа многу генерации, а на некои од нив токму тој заедно со неговите колеги го одбележа и детството на многумина.

Повеќе од 20 години работеше на овој проект, а денес ужива во седмата деценија од животот со сопругата Лилјана и децата Македонка, Викторија и Александар.

Advertisement
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Негово најголемо богатство се неговите три деца. Она што можеби е малку познато, е тоа дека неговите деца, Македонка, Викторија и најмалиот Александар Бараков имаа улоги во приказните уште од мали.

Денес тие сè уште го придружуваат својот познат татко тие се негова константна поддршка во е што прави и каде и да се појави.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Неговата ќерка Македонка е психолог, ќерката Викторија архитект, а синот Александар живее во Германија.

Минатата година за многумина беше една од најтешките, но за Лазар донесе голема среќа. Имено, неговиот син Александар кој живее во Германија стана татко, а Лазар горд дедо на малиот Стефан.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Според објавите на социјалните мрежи не е тешко да се забележи дека актерот е посветен на семејството, но и дека е голем љубител на кучиња и мачиња.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Иако некое време правеше пауза од македонските народни приказни се чини дека тој повторно им се врати.

Уште пред некое време тој најави дека се крчка нешто ново, а сега пак објави фотографија со својот колега Гоце Тодоровски и повторно најави: Сериозно, работно … во нови победи.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

 

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Во интервју за „Магазин“ тој зборуваше за времето додека се снимаа македонските народни приказни, па вели дека човек може само да сонува за таква љубов кон работата и екипата со која имал шанса да работи.

– Колозов беше двигател, Петрушевски, Тодоровски, Шенка, тие се великани. Јас како помлад член на таа екипа, сите шеги, сите вицови беа на моја сметка. Како најскржав, како поглуп, и улогите ми ги даваа такви, рече тој во интервјуто.

Откако завршил гимназија, на 17 години се запишал на академија во Белград. Само 2 месеци студирал и веднаш заминал за Виена, Австрија, каде останал 2 години, учел јазици и работел разни работи.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Тој истакна дека нешто од внатре го терало да стане актер. „Моите родители мислеа дека студирам нешто друго. Арно ама, кога за првпат се појавив на еден бугарски филм, разбраа дека не сум тоа што требаше да бидам“ кажа Бараков во интервјуто.

Еве како изгледа сопругата и трите деца на Лазар Бараков, легендата на македонските народни приказни
Еве како изгледа сопругата и трите деца на Лазар Бараков, легендата на македонските народни приказни
Еве како изгледа сопругата и трите деца на Лазар Бараков, легендата на македонските народни приказни

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button