Еве како изгледа синот на македонската Моника Белучи што го доби со поранешниот сопруг Благоја Грујовски – 10 години беа во брак
Македонскиот фолкер кој долго време на македонската сцена својот приватен живот го крие далеку од очите на јавноста.
Благоја Грујовски е еден од најдобрите пејачи во земјава, кој освен со одличен глас, може да се пофали и со стас и е еден од најпопуларните пејчи во земјава, но и во дијаспората.
Иако долго време е на музичката сцена тој многу не се промени, па сè уште важи за вистински заводник.
Тој од 2009 година се ожени со 20 години помладата Ирена. Тие беа во врска 2 и пол години и Ирена беше во шестиот месец од бременоста на свадбата.
Од бракот со Ирена го имаат синот Марко, но својата приватност ја кријат од очите на јавноста.
Инаку ова е втор брак за Благоја. Тој претходно беше во брак со ТВ презентерката Татјана Стојановска со која го имаат синот Матеј.
Истото важи и за Татјана, иако со години е јавна личност таа своето семејство и приватноста си ги чува за себе, но во една прилика таа покажа како изгледа нејзиниот син и напиша дека е нејзина гордост.
Татјана и Благоја Грујовски се разделија во 2007 година. Тогаш изјавија дека решиле оти подобро ќе функционираат раздвоено и остануваат во пријателски односи.
„Откако вежбам многу се промени формата на моето тело, но и кондицијата. Порано бев многу понеподвижна и се чувствував уморно, но сега откако вежбам, во голема мера се чувствувам поенергично. Повремено спроведувам и одреден режим на исхрана со цел да намалам вишок на килограми“, раскажа за одржувањето на формата Татјана за Женски магазин.
Татјана со својот партнер Михаил Китановски живее заедно веќе седум години во неформален брак, а како што самата откри во интервју за „Женски магазин“, се запознале на одмор во Турција, пред осум години и полека нивната пријателска дружба преминала во сериозна врска. Како што самата вели во ова свое интервју, со Михаил ја врзува искрениот однос и заедничките интереси, како и грижата еден за друг, поддршката и пред сè љубовта.
„Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис“ изјави Татјана пред неколку години во емисијата „Бекстејџ“.
„Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана тогаш како гостинка во естрадниот магазин.
Мис на Македонија
Што се однесува до титулата „Мис на Македонија“ од 1992 и „Мис Планета“ на изборот во Бугарија во 1993, Татјана во едно свое интервју изјави дека најпрво се исплашила од титулата, но и дека плачела пред нејзината мајка и татко во собата, но не од возбуда и среќа, туку затоа што и било незгодно што победила. „Не сакав да сум Мис. Бев дете“, се присеќава Татјана.
Таа годинава полни 47 години, а во коментарите на социјалните мрежи фановите се уште ја споредуваат со италијанската дива.
Од нејзините фотографии на Инстаграм можеме да заклучиме дека таа заслужено го носи овој прекар, нели?
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска