Наши ѕвезди

Еве како изгледа сестрата на Влатко Лозаноски – малкумина знаат дека таа е писателка

Advertisement

Момчето со преубав глас и насмевка, ни е многу познат на сите, но еве како изгледа неговата помлада сестра и што работи.

Advertisement

Влатко Лозановски-Лозано и е добро познат на македонската јавност. Неговиот шарм, неодолива насмевка и глас освојува и ретко кој може да остане рамнодушен на неговите песни.

Се чини дека уметноста и музиката се дел од нивното семејство. Влатко освен што одлично пее, тој пишува текстови и знае да свири на клавир, додека пак неговата сестра Марија Лозановска е писателка и изработува накит.

Таа има напишано два романи на кои е горда, „Големото Л“ и „Другата“, а се испроба и како модел на познатиот бренд за долна облека „Сара Фешн“.

Advertisement
ФОТО: Марија Лозаноска/Инстаграм

Марија е доста активна на социјалните мрежи, а од време на време знае да сподели и некоја заедничка ретро фотографија и со својот постар брат.

ФОТО: Марија Лозаноска/Инстаграм

Минатото лесно таа му го честиташе роденденот на Лозано со фотографија од детството и порака за да го одбележи овој ден.

ФОТО: Марија Лозаноска/Инстаграм

– На фотографијава има среќни луѓе, среќно семејство. Еден обичен пикник покрај река на почетокот од деведесеттите.Има на неа обични брат и сестра кои растеле заедно скоро цел живот со сите игри, досетки, задевања, лутења и прекумерни поддршки, напиша меѓудругото Марија под објавената фотографија.

ФОТО: Марија Лозаноска/Фејсбук

Таа вели дека од почетокот верувала во Влатко и секогаш била во првите редови на неговите настапи, кои сега е невозможно да се добие карта или мсто во првите редовии поради големиот број на фанови.

Лозано е миленик на сите генерации и поради тоа што секоја песна му е хит, и поради вокалните способности, но и скромноста која ја поседува.

ФОТО: Марија Лозаноска/Фејсбук

Кариерата официјално му започна во 2008 година, а оттогаш сними многу песни и го одржа првиот солистички концерт на кој преполната сала уживаше.

ФОТО: Влатко Лозаноски/Инстаграм

Влатко не сака многу да зборува за својот приватен живот, но во едно интервју за „Женски Магазин“ откри дека како дете имал една мала незгода, поради алергија од мед паднал во кома.

-Ништо страшно искрено, колку што се сеќавам, како што ми кажувала мајка ми дека траело многу кратко. Докторите не знаеле што ја предизвикало таа непријатност, па имаше еден долг период во кој не јадев мед, поради тоа што пред случката сум го консумирал медот. Но, за среќа сè било како што треба потоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button