Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа семејниот дом на пејачот Јордан Митев – ќеркичката расте, тој никогаш не бил посреќен

Пејачот сподели фотографија од својот дом

Реклама

Минатата година беше една од најубавите за нашиот познат фолк-пејач Јордан Митев и неговата сакана Славица.

Имено, неговата избраничка се породи додека беа на турнеја во Австралија, а нивната ќерка го доби убавото христијанско име Кристина.

Пејачот за Гламур магазин неодамна откри дека желбата за ова име е на неговата сопруга, а тој сакал да и се исполни желбата, но и отсекогаш му се свиѓало ива женско име со големо христијанско значење.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

И откако се остварија во улога на родители, тие и двајцата уживаат во семејната куќа на пејачот во неговото родно село.

Маркетинг

Јордан одвреме-навреме на социјалните мрежи знае да објави фотографија од домот, а тоа го направи и неодамна, кога за тоа навистина имаше посебна причина со која ги израдува своите бројни обожватели на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Имено, тој за Стара нова година објави фотографија на која е со човекот за кого вели дека е неговата духовна поддршка.

Еве што напиша тој под оваа фотографија направена во неговиот дом, која најверојатно ја сликала неговата сопруга.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

„Со човекот кој е моја духовна поддршка, Отец Драги. Среќна Стара Нова, за многу години Василица!“, напиша тогаш познатиот пејач под заедничката фотографија.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Потсетуваме, Јордан само неколку дена претходно ја објави и првата фотографија на која е со својата наследничка, а причината и тогаш беше посебна. На фотографијата е и неговата сопруга, а истата е објавена на Божиќ, денот кога се празнува раѓањето на Исус Христос, но воедно и денот кога е именден на малата Кристина која внесе големи радости во нивниот топол семеен дом.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button