Еве како изгледа секојдневието на една мајка со две деца
Марија Горбунова се грижи за своите две деца, но и покрај обврските успева да не маѓепса со начинот на кој го прикажува животот на една мајка. Во нејзината илустрации ќе пронајдете совршен баланс помеѓу вистински семеен живот и карикирани детски желби и нивното растење.
Нашата „соба за медитација” повеќе не е непробојна тврдина. Мојата Мира е веќе доволно голема што може и самата да ја отвори вратата, а да не ја споменувам и Јура, кој постојано го става своето прсте во клучалката, најверојатно обидувајќи се некако да ме извлече од таму.
Гледајќи ги моите уметнички дела, веројатно мислат дека моите деца постојано плачат. Токму така. Мира порасна и повеќе не се буди во текот на ноќта, но Јура редовно се буди, го тестира нашето трпение.
Моите деца викаат и плачат постојано, не се смируваат ни кога летаме со авион.
Здраво! На денешното мени е брокула, тестенини и компот од бобинки. Но не изненадувајте се ако ги најдете и под маса, само во помали порции. Ако сте за нешто понеобични комбинации, можете да уживате во пуканки со сос од риба кои готвачот ги подготвува под неговата перница.
Ако сте мајка кој знае како да ја користи технологијата од новото време, бидете паметни и не повторувајте ги моите грешки. Неколку месеци пред да се роди првата, сакав за моето дете да ги користам само најдобрите нешта, па затоа купив 10 пелени кои можете да ги користите повеќе пати. Тоа беа италијански пелени, кои чинеа многу пари. Сепак, излезе дека овие извикани пелени се поприлично непријатни, па мојот сопруг мораше да оди по нови – обични!
Многу сум среќна што моите илустрации имаат повеќе лајкови од моите „селфи“ фотографии.
Шопинг …
Оваа година, мојата кујна стана привремен бар. Многу добро ги знам сите клиенти и нивните нарачки. Господинот во црвена маица ќе бара пченично пиво и никогаш нема да одбие кнедли. Црвенокосата ќе побара пинаколада коктел и иако сака кнедли, повеќе би сакала вафли или стапчиња од пченка. Господинот, кој едвај стои на нозе, секогаш пие една по друга, се додека не потоне во сон. Се разбира, нему му е простено, бидејќи тој работи ноќна смена и станува во 5 часот.
– Серјожа, ти реков да ги облечеш убаво.
– Изгледаат одлично, во што е проблемот?
Секогаш истото. Прво, поминуваат еден час избирајќи гардероба, а потоа следува облекувањето. После тоа, прво треба да го фатите едното дете, па да го облечете. Потоа другото. Додека го облекувате второто, првиот веќе се „унередил“. Додека го носете во тоалет, ова првото почнува да се поти, вие ќе почнете да се потите, а мажот ќе почне да вика. Па ако си толку паметни, облечи ги сам!
Со секој нов ден доаѓа нова истрага – кој крши чинии, кој го растура ѓубрето.. Секогаш имаме две жртвени јариња – кучето и Јура, бидејќи Мира има совршен алиби – никој не може да ја одвои од цртаните филмови.
Што се случува секогаш кога ќе заборавите да ја затворите вратата од тоалетот?
Конечно дознаваме како изгледаат во реалниот живот…
Среќно семејство …
Фит мама!