Еве како изгледа новиот дом на Емина Јаховиќ во кој живее откако се разведе од Мустафа
Познатата пејачка се пофали со својот луксузен апартман
Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал ова лето ставија точка на својот долг брак, а целата ситуација се заврши за само 15 минути.
Имено, по одржаното рочиште во судницата, таа доби 2 милиони од продажбата на големата вила во Истанбул, куќа од 250.000 евра во Белград, 2800 евра алиментација од Мустафа, 950 евра месечно за синовите, 11.300 евра за летниот одмор, автомобил од 50.000 евра и можност да го користи бродот на својот поранешен сопруг 3 месеци во годината.
Пред разводот сите беа воодушевени од начинот како беше уредена нивната заедничка куќа. Емина денес живее во луксузен апартман, а пејачлата неодамна откри како изгледа нејзиниот животен простор на социјалните мрежи и повторно ги воодушеви сите. Имено, таа објави видео на нејзиниот профил на Инстаграм на кое се гледа луксузно опремената кујна и трпезарија, дневниот престој, но и нејзиниот симпатичен миленик.