Еве како изгледа МАЈКАТА на Елена Ристеска – сега е јасно од кого пејачката ја наследила убавината

После големата тага, пејачката Елена Ристеска сѐ уште има причина за насмевка и славење.

Елена Ристеска важи за една од најубавите македонски пејачки. Со својот нверојатен глас, некогаш малото девојче со чорапчиња до колена веднаш ја освои публиката на музичкото-реалити шоу – Плеј – потрага по ѕвезди.

Со секоја своја објава пејачката привлекува внимание. Таа е доста активна на социјалните мрежи, каде нејзината публика може да следи каде е и што прави. Со своите фотографии мами воздишки, особено кај посилниот пол.Медиумите постојано ја поврзуваат со нови момчиња, но таа умее и вешто да се сокрие од камерите.

Инаку, познатата пејачката која во последно време е максимално посветена на промоцијата на својата козметичка линија „ЕРА“, во едно свое интервју зборуваше и за љубовниот живот, па во една пригода изјави:
Ако видите од самиот почеток дека некоја приказна нема иднина, подобро да не влегувате во некоја приказна во која го знаете исходот. Навистина многу ми пречи човек кој нема еднаква амбициозност како мене. Се додека не најдам човек кој е еднакво амбициозен како мене, кој што единствениот порок ќе му биде да биде работохолик и да јаде слатки, ако тоа му единствениот порок, тогаш тој е вистинскиот за мене. Ако вашиот партнер не ви е вистински другар, нема никакви шанси да успеете професионално“, изјави пејачката.

Поради коронавирусот сите пејачи се без ангажмани и тоа го користат да поминат што е можно повеќе време со семејството.
Токму поради тоа, Елена и својот роденден го прослави во изолација.
„Полнам 34 и сеуште не ми треба ботокс. Се надевам дека истиов статус ќе го напишам и на 35. До тогаш да сме здрави и живи. Да ја надминеме “короната”- за некого заговор,за некого грда вистина и загуба на блиски. За сите нас ужасен старт на 2020та година помината во страв.
Како дете често ми се паѓаше роденденот на Велигден, па славев роденден само со најблиските.Така што не е толку трагичен овој роденден за мене да го поминам во изолација:). Сепак имам милион причини да сум среќна до небото затоа што ве имам вас кои ме поддржувате и почитувате-вие сте најлојални од сите луѓе во светот бидејќи ме знаете во сржта каква сум.

Од сите богатства на светот секогаш би ве одбрала ВАС. Но, и богатството наречено “моите најблиски” кои ме сакаат дури и во ретките моменти кога не ми е денот ,еден голем поздрав за нив.
Исто еден”пехар за толеранција”, поради мојата особина на перфекционист за сите мои соработници.Особено последниве две макотрпни години посветени на мојот бренд @era_cosmetics. Едвај чекам да ви го претставам она поради кое ја ставив привремено во втор план музиката. Иако требаше да почне се’ во април, парфемот одлучив да не го промовирам во овој период затоа што не е хумано да се почнува кампања за парфем додека луѓе се борат за живот и целата држава и светот се во вонредна ситуација. Ќе има ден за тоа наскоро..

Низ годиниве многу уметници,музичари,поети и фанови напишаа по некој стих за мене или ме нацртаа,мал дел од нив ќе споделам во овој пост. Необјасниво е колку ми значи се’ што сте посветиле на мене. Особено ме допре поетесата Ана Бунтеска која ја напиша песната на следната страница за мене. Јас со овие ваши дела станувам БЕСМРТНА.
Фала му на Бога.
Ви благодарам за честитките на сите, оние кои не ми честитале не се лутам Imageсепак љубовта што ја добивам 364 дена ми е и повеќе од доволна.“
„П.С. Конечно цела торта за мене“, напиша Елена на Фејсбук по повод нејзиниот роденден минтата година.

Елена со својата публика ги споделува и среќните и тажните моменти.
Она што најмногу ја погоди и за кое секогаш зборува со солзи во очите беше смртта на нејзиниот татко.
Пејачката не зборува често на оваа тема, но неодамна во интервјуто за Гламур магазин откри дека тетоважата што ја има на раката, знакот на бесконечноста поврзан со буквата „А“ е посветен на бесконечната љубов што ја чувствува кон нејзиниот прерано заминат татко Ацко.

Пејачката отворено зборуваше и како се бореше со сознанието дека нејзиниот татко боледува од [ак.
Тоа биле најтешките моменти во нејзиниот живот, а по неговото заминување се обидувала да не мисли на она што се случило и чувствувала како се уште да е со неа.
„Разочарувањата се полезен дел од животот. Тие постојат за да ги цениме оние луѓе и ситуации кои вредат. Фала му на Бога, тука ми е музиката која никогаш не ме разочарала, па секогаш моето бегство од реалноста го пронаоѓам во неа. Така гласи и мојата тетоважа која е на италијански јазик ‘Музиката никогаш не ме изневери’“, откри Елена.

Вчера во нејзиниот дом имаше голема причина за славење. Причина за лавење беше роденденот на нејзината мајка.
Пејачката на Инстаграм сподели неколку приватни фотографии, кои досега никој ги нема видено.

На фотографиите се гледаат таа и нејзините најблиски, во најсреќните моменти кои засекогаш ќе ги паметат. Она што сите го забележаа беше тоа дека пејачката несомнено својата убавина ја има наследено од својата мајка.
„Една е мајка“, напиша пејачката во опис на фотографиите.









