Реклама
Новости

Еве како изгледа малиот шериф на Марија Шерифовиќ – фотографиите им ги стопија срцата на сите

Пејачката сподели неодолива слика од својот син

Реклама

Пејачката не се одвојува од својот Супер Марио

Популарната пејачка Марија Шерифовиќ при крајот на 2023 година се оствари во улога на мајка.

Марија со посредство на сурогат мајка доби син, на кого му го даде името Марио, а неодамна преку социјалните мрежи откри дека нагалено го вика Супер Марио, според јунакот од истоимениот цртан филм.

Маркетинг

Пејачката Нова година и божиќните празници ги помина во својот луксузен стан во Белград на вода, каде ужива во мајчинството.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Таа на социјалните мрежи сподели „Инстаграм стори“ што го направи во детската соба и откри како ја средила за приновата.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Марио се роди во Америка, а откако наполни неколку недели Марија заедно со својата мајка Верица и бебето се врати во Белград.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Од последното објава на Инстаграм можеме да видиме дека ѕидот во детската соба е излепен со ѕвездички, покрај креветчето се наоѓаат црно-бели балони, а се гледа и голем плакар.

Целиот простор е во бела боја и зрачи со топлина и чистота, а Марија изгледа весело и свежо, како воопшто да не е изморена.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Повеќе од очигледно е дека таа ужива во својата нова животна улога, а ужива и нејзиниот наследник.

Впрочем тоа можевме да го видиме и од неодоливата фотографија што Марија исто така ја сподели, а на која главен јунак е Марио.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Облечен во бебешко боди со насликана панда, со шерифовска значка и голем натпис „шериф“ Марија покажа кој е сега главен.

Повеќе фотографии погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button