Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа луксузниот стан на Македонката омажена со најшармантниот водител на целиот Балкан (фото)

Реклама

Тука живеат Даниела, Матија и Огњен

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Познатиот водител Огњен Амиџиќ и неговата убава сопруга Даниела Димитровска живеат во преубав дом кој се наоѓа во населбата Дорчула во Белград.

Нивната семејна оаза на мирот преставува место каде што со нивниот син ги минуваат најважните моменти во животот.

Маркетинг

Шармантниот водител и неговата поубава половина се обидуваат својот брак да го држат далеку од очите на јавноста, но можеби токму заради таинственоста, публиката постојано се интересира за популарниот пар.

Нивната интимa e сместена измеѓу четирите ѕида што се наоѓаат во луксузен стан во познатата белградска населба, каде Огњен и неговата сопруга се грижливи родители на нивниот син Матија.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Просторот можеби зрачи со енергијата на шеговитиот водител, но и секој детаљ го носи печатот на убавата Даниела.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Во прашање е простран стан уреден според последната мода, со бели ѕидови и контраст добиен со масивната темносива гарнитура која доминира во дневниот престој. Просторот е украсен со разно-разни интересни детали кои се поредени како на ѕидовите, така и на полиците и елементите, така што секој детаљ е внимателно уреден, па местото целосно зрачи со топлина и модерен шарм.

Фото: Инстаграм/ Огњен Амиџиќ

Водителот го промени имиџот

Инаку, Огњен неодамна се пофали на својот Инстаграм и со новата промена на имиџот кога ги изненади сите.

Имено, познатиот српски водител им се приклучи на тимот мажи од регионалната јавна сцена кои решија да исчекорат од својата комфор зона и да пробаат нешто ново кога е нивниот изглед во прашање. Тој како и Саша Капор, Саша Ковачевиќ, Филип Живојиновиќ, Дарко Лазиќ, сега и Виктор Живојиновиќ, реши да „фура“ руса коса, што претставува своевиден контраст на маркантната црна брада.

Фото: Инстаграм/ Огњен Амиџиќ

Промената која беше потполно неочекувана ги воодушеви фановите на Огњен, а многумина коментираа дека одлично му стои.

Најинтересно е тоа што водителот мораше да му се поклони на овој светски познат тренд најмногу затоа што изгуби кладба од својата убава сопруга, која како услов го постави овој предизвик пред него.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button