Еве како изгледаше раскошниот дом на Цеца за „Денот на вљубените“ – ПЕЈАЧКАТА откри со кого уживаше за празникот (фото)
Еве како пејачката уживаше на Денот на вљубените
Светлана Цеца Ражнатовиќ покажа како го минува Денот на вљубените, а нејзините фанови беа воодушевени од глетката. Имено, популарната пејачка на својот профил на Инстаграм покажа кадри од внукот Жељко Ражнатовиќ.
Тој низ куќата се шета со дубак, а зад него се наоѓаат многу ружи и црвени балони во облик на срце со кои пејачката ги воодушеви сите.
Од видеото што го објави пејачката може да видиме дека Денот на вљубените решила да го помине со внучето.
Она што на сите им го привлече вниманието беше пораката на балоните на кои пишуваше „Среќен ден на вљубените“.
Но нејзините фанови се прашуваат дали ружите и црвените балони Цеца ги добила од своето момче Богдан.
А имајќи го во предвид тоа дека пејачката е среќно вљубена, воопшто не треба да не чуди што толку ужива во истите.
Иако во текот на денот таа не беше со него, повеќе од јасно е дека пејачката празникот ќе го помине и сама со него.
Да потсетиме, Светлана Цеца Ражнатовиќ е во врска со Богдан Срејовиќ некаде од крајот на минатата година.
Тие врската ја открија во јавноста на почетокот на јануари и од тогаш не се кријат, а новиот избраник го поддржаа и децата на Цеца. Потоа и семејството на Богдан ја поддржа нивната врска, прво мајката па потоа и таткото, а Цеца ги запозна кога со него беше во Крагуевац, на нивната куќна слава.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ