Еве како изгледаше Адријана Алачки на почетокот од својата кариера – популарната пејачка се уште се држи добро за свои години
Иако е долго време на македонската музичка сцена, се чини како да не старее.
Од година во година изгледа се поубаво, а се чини дека убавината во ова семејство е наследна.
Македонската пејачка Андријана Алачки долги години успешно ја води кулинарската емисија „Вкусот на традиција“ која со сигурност може да се каже дека е една од најпопуларните и најгледаните, а и единствена од тој тип во земјава.
Таа од неодамна започна и нов проект заедно со своите колеги Ирена Спировска и Благоја Груевски во емисијата „Везилка“.
Постарата генерација ја памети Алачки како дел од триото кое жареше и палеше во периодот на 90-те години од минатиот век.
Песните „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов беа неверојатно големи хитови, а Адријана, Ирена и Горан уживаа голема популарност.
По распаѓање на групата сите продолжија по својот пат.
И додека Ирена сè уште е посветена само на музиката, нејзината колешка Адријана веќе одамна плови во други води. Имено, таа е автор и водителка на емисијата „Вкусот на традицијата“, а воедно е и претседателка на Гастромак, национална асоцијација на готвачи.
Иако поминаа повеќе од 30 години двете дами изгледаат неверојатно, а се чини дека годините и тоа како им прилегаат и прават да изгледаат се поубави.
Дека крвта не е вода Андријана често покажува.
Односно нејзината ќерка Грациела е нејзина слика и прилика, па често кога позираат заедно тие изгледаат како сестри.