Близначките Маријана и Росана на врвот од својата кариера

Нивните вокали многумина ги фалеа и имаат освоено голем број награди, а денес изгледаат потполно различно.
Маријана денес има црвенкаста коса, додека Росана, нејзината сестра близначка, веќе некое време „фура“ кратка фризура. Но тие на почетокот од својата кариера и додека настапуваа заедно изгледаа многу поразлично.
Близначките беа познати по тоа што сакаа да експериментираат со фризурите, па погледнете неколку нивни стари изданија.

Инаку, Маријана денес повеќе не е пејачка…

Таа замина за Австралија каде веќе долги години работи како стоматолог, а деновиве се врати во Македонија за да присуствува на првиот роденден на својот внук.
Маријана со својата снаа …
Имено, ќерката на Росана, Ивана, пред една година се породи и на овој свет го донесе синот Ноа.
Марјана последен пат беше во Македонија на нејзината свадба.

Сестрата на Маријана, Росана, со која некогаш ги пееја хитовите „Признавам“ и „Едно срце имам душо“ ја пречека на аеродромот, а откако пристигна, Маријана на својот профил Фејсбук сподели емотивна порака по која следуваа бројни лајкови и коментари од нејзините пријатели.
„Мили мои пријатели. Македонци, душички… Не можам а да Не ви се заблагодарам на сите важи искрени желби и добредојде… Постои нешто што сите нас не прави тоа што сме… Љубов… Нека истата цвета и опстанува во вашите души и вашите срца… Од срце ви благодарам и ви посакувам насмевки на вашите лице… Ваша Маријана, ништо повеќе од сите вас.“