Реклама
Хороскоп

Еве како да проверите дали во вас се крие енергетски вампир

Реклама

Еве како да проверите дали во вас се крие енергија што ве троши и ве тера да се чувствувате лошо.

Негативна, вампирска или токсична енергија се создава од безброј причини и нè тера да се чувствуваме немоќни, слаби и кај талентираните и силни луѓе ја буди немоќта и несигурноста поради која тие многу страдаат. Понекогаш бранот на негативна енергија може да биде толку силен што и самите стануваме енергетски вампири. Да разјасниме, во повеќето случаи енергетските вампири не се лоши луѓе, туку погрешно разбрани луѓе кај кои има длабока тага и страв.

Маркетинг

За таквите лица, најчесто траумите од минатото оставиле длабок белег на душата, емоциите се потиснуваат, а недостатокот на верба во себе постојано ги охрабрува да ја загрозат вашата енергија како некој би ја забележал нивната болка од која не можат да се ослободат.

Искуствата на „негативните“ луѓе покажуваат дека ваквиот вид на енергија претставува блокада во остварување на нивните планови во животот. Негативноста нè прави да се чувствуваме немоќни, па се обидуваме да им угодиме на сите и да бидеме обожавани во друштвото, но со нашите нападни ставови создаваме само контра-ефект, а тоа пак се рефлектира врз нас. И така се вртиме во маѓепсан круг. Исто така, и извршувањето на деловните обврски станува се потешко, a љубовниот живот е на раскрсница, додека стресот и лошата енергија негативно влијаат на физичкото здравје.

Првиот чекор до заздравување е да ги прекинете односите со луѓе кои во вас будат токсични чувства, односно со луѓето за кои верувате дека ви ја „пренеле“ вампирската енергија.

Важно е да ги препознаете сигналите на вампирската енергија, а овие 5 знаци покажуваат дали таа е скриена во вас:

1. Разговорот ве исцрпува, не се чувствувате добро и сте збунети.

2. Уживате и копнеете по комплименти, а критиката многу ве погодува.

3. Се чувствувате лошо кога сте премногу оригинални, свои и кога ќе кажете нешто што е во сосема поинакво издание од останатите.

4. Се чувствувате исплашени и имате напади на вознемиреност.

5. Постојано се жалите, но не правете ништо за да ја промените ситуацијата.

Некои од знаците се и чувство на пониска вредност, помалку енергетски вибрации што ве придвижуваат и мислите дека вашите шанси за успех се потполно намалени.

Неколку начини како најлесно да се ослободите од негативните луѓе и лошата енергија околу вас

Постојат неколку начини да го исчистите вашето енергетско поле и да се ослободите од вампирот / негативната енергија:

1. Бидете свесни за вашиот проблем – Наместо да прифатите да бидете жртва на лоша енергија, бидете подготвени за промени и нови животни искуства. Време е за апсолутна трансформација!

2. Игнорирајте ги енергетските вампири – Важно е да ги оставите негативните луѓе надвор од вашиот живот и да оставите само чесни пријатели кои ќе ве поддржат на патот на личната трансформација.

3. Создадете личен простор – Обезбедете простор каде ќе можете да размислувате гласно, да се посветите на своите проблеми и да ги прочистите негативните елементи на енергијата кои безусловно во исцрпуваат. Иако пријателите се совршени да се потпрете на нив, понекогаш нашата душа го знае најдобриот пат. Следете ја.

Моќен енергетски детокс

Ако мислите дека сте окупирани од негативна енергија, важно е да си дадете повеќе задоволство. Направете си миризлива солена бања, уживајте додека се релаксирате, исчистете го вашиот дом, јадете повеќе билки, бидете повеќе изложени на сонце, научете како навистина да се сакате.

Обидете се да станете посреќна личност, вашиот дом ќе биде поорганизиран, ќе спиете помирно, а позитивната енергија повторно ќе ви ја наполни душата.

Поврзано

Back to top button