Реклама
Наши ѕвезди

Еве каков пријател беше Тоше Проески – „испливаа“ фотографии што ја покажуваат неговата огромна душа

Познатата актерка објави неколку фотографии што никого не оставија рамнодушен

Реклама

Познатата актерка објави неколку фотографии со кои ги растажи сите

Познатата македонска актерка Весна Петрушевска објави неколку досега невидени фотографии на кои е и Тоше Проески.

Станува збор за фотографии од нејзината свадба на која Тоше беше дојден како гостин, но во нејзина чест тој запеа на свадбата.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Весна Петрушевска

На нејзиниот Инстаграм има и едно видео на кое се гледа како Тоше и пее на невестата, а Весна го објави пред неколку години.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Весна Петрушевска

„Те сакам и ми недостасуваш најмногу“, напиша Весна тогаш, а сега објави неколку фотографии од свадбата дополнети со песната „Још увек сањам да смо заједно“ што беше објавена по неговата смрт.

Покрај фотографиите што ги објави таа се присети и на денот на неговата смрт, кога само неколку часови претходно заедно снимаа емисија. Тоше тогаш, со Весна зборуваше отворено за љубовта и за сето она што му се случува, а во еден момент запрашан дали би сакал малку да се тргне од сé, го даде следниот одговор:

Фото: Инстаграм/ Весна Петрушевска

„Сакам но не можам. Машинеријата ме стави, како се вели, во тапан. Нема враќање. Барам да се одморам од секојдневните интервјуа, шминкање, симнување на шминката, пакување. Патување во Загреб, па назад, патување во Австралија… Од се ми е до тука“ покажа тогаш Тоше со рацете преку главата и додаде:

„Правам грешки како секој нормален човек секојдневно. Не сум безгрешен, светец, ниту ангел, далеку сум од тоа, но далеку сум и од сите грди приказни кои ми ги препишуваат од кога сум познат.“

Пејачот потоа додаде и дека се плаши дека девојките го сакаат само затоа што е славен а не гледаат каков е навистина.

Фото: Инстаграм/ Весна Петрушевска

„Тоа не е пријатно. Ниту пари, ни автомобили, ниту било што друго не е пресудно за љубов.. Знам кои се вистинските вредности. Сакам таква девојка“ и одговори тогаш Тоше на познатата актерка која тогаш беше водителка на Вртелешка.

Фото: Инстаграм/ Весна Петрушевска

Инаку Весна во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи, а и со своите професионални обврски.

Фото: Инстаграм/ Весна Петрушевска

Таа вечерва има настап во Јавна соба, а како што самата објави, билетите за нејзиниот настап се веќе распродадени.

Фото: Инстаграм/ Весна Петрушевска

Фото: Инстаграм/ Весна Петрушевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button