Еве каква е Јелена од Драчево како домаќинка – облече ноќница и покажа како изгледа нејзиниот дом
Македонската актерка покажа дел од својот дом.

Јелена позираше во секси издание, а фотографиите што ги објави за кратко време добија над илјада лајкови.
Јелена Јованова е една од најдобрите и најуспешните македонски актерки.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова
Јелена од Драчево во серијата „Преспав“ стана омилен лик на сите кои ја следеа оваа серија.
Улогата на Каја во филмот „Нешто слатко“, каде глуми заедно со Сашко Коцев е поледното што ѝ го претстави на публиката и доби одлични критики.
Од премиерната проекција во мај 2023 година, во кино салите ширум нашата земја се прикажа пред повеќе од 7.000 гледачи.
Својот приватен живот го крие како змија нозете и воопшто не сака да го експонира во јавност.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова
Неколку години успешно плови во брачните води со нејзиниот колега од Хрватска Стјепан Периќ со кој го има синот Јаков.
Досега никогаш не го покажа лицето на Јаков во јавност, но понекогаш знае да сподели дел од работите во кои зеднички уживаат.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова
Овој пат таа одлучи да покаже и дел од нејзиниот дом во Хрватска.
Имено, актерката за потребите на еден бренд позираше во ноќница, а тоа одлучи да го направи во својот дом како секси домаќинка.
Во позадина наѕира дел од нејзината трпезарија.