Еве зошто Јована даде отказ во „Хепи“ – водителката се огласи, ова е ПРИЧИНАТА: „Многу грешев, морам да го променам тоа“

Познатата водителка од ТВ Хепи, Јована Јеремиќ, даде отказ, а потоа се огласи и ја откри причината за ваквата одлука.

„Решив да дадам отказ, сакам да му се посветам на детето кое беше запоставено заради шерови на ТВ Хепи. Во моментот немам деловни понуди, но не сум загрижена, работа ќе има секогаш“, изјави таа за Објектив.
„Мојата Леа веќе година дена е запоставена. Заради обемот на работата и давав телефони, таблети. Многу грешев, морам да и се посветам на ќерката. Малку љубов и дадов, тоа морам да го промена“, заклучи таа.
Таа ја водеше утринската програма на оваа гледана телевизија, а од 2016 година го водеше и шоуто „Парови“, а подоцна и „Снајки“. На истата телевизија ги водеше авторските емисии „Викенд шоу“ и „Ела ела шоу“, а од 2019 повторно ја води утринската на истата телевизија.

Веста дека решила да даде отказ во овој медиум одекна како бомба во регионот, па таа мораше да се огласи.
Водителката нагласи дека за нејзиниот отказ не допринеле никакви проблеми во споменатата телевизија, и дека со Миломир Мариќ ќе продолжи и понатаму да има коректен професионален однос како и досега.

„Немав проблем со никој, едноставно ова беше моја одлука. Јас Мариќ го гледам како татко и така и ќе остане“, изјави таа.

Што се однесува до тоа дали планира да премине во некој друг медиум, Јована за порталот „Мондо“ одговори:
„Не сакам да зборувам за тоа, јас ја познавам работата што ја работам, за некој како што сум јас нема да има зима. Јас сум жена која што прави програм, формира медиуми, прави приказна.. Некој за кој што секогаш ќе има работа. Не сум тука затоа што сум нечија швалерка“, изјави таа.

„Во иднина приоритет ќе ми биде работата со детето и мојот сопруг, јас не сум девојка, не може да се очекува јас да влечам“.

Таа додаде и дека нејзиниот сопруг Војислав ја поддржува во секоја животна одлука, што беше случај и овој пат.
„Мојот сопруг ме поддржува во се и во секоја одлука“, изјави таа.
Фото: Инстаграм/ Јована Јеремиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јеремиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јеремиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јеремиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јеремиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јеремиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јеремиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јеремиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јеремиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јеремиќ
