Еве зошто цела Македонија зборува за оваа преубава Турчинка и зошто Охридското Езеро за неа е најубавото место на светот
Еуфоријата од Европското првенство во фудбал сè уште не згаснуваат, а сега во центарот на внимание се најде турската новинарка.
Убавата и шармантна турска новинарка Сејхан Шашко за „БеИН Спортс“, телевизиска мрежа која има спортски канали на четири континенти и дури во 13 земји, во а турската верзија направи уникатно интервју со капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.
Она што беше симпатично е дека таа интервјуто го направи на Македонски јазик, а Пандев со задоволство одговараше на поставените прашања.
Сејхан со овој потег покажа огромна почит кон Пандев , но и кон македонскиот народ.
Таа има потекло од Македонија, Охрид, па оттука и го знае македонскиот јазик, но се преселила во Истанбул како многу мала.
Таа е родена во 1989 година во Охрид, а во Турција ќе се преселат заради професијата на нејзиниот татко.
Goran Pandev’in Galatasaray formasıyla Türkiye’deki kısa dönemine dair sözleri?
Igor Angelovski ve Goran Pandev röportajının tamamı gün boyu bein sports haber’de! pic.twitter.com/3k7kgYiqGp
— Seyhan Şaşko (@seyhansasko) June 21, 2021
Сејхан тогаш имала само три години, па така и своето образование ќе го започне во Турција.
Ќе дипломира на Државниот конзерваториум на Универзитетот Мармара, а спорот е ја интересира од мали нозе.
Таа посебно е заинтересирана за тенис, а телевизиската кариера ќе ја започне во 2009 година.
Инаку, таа на фотографиите од Охрид во коментарите пишува на Македонски. Во еден таков коментар напиша:
„Мојот рај на светот“
Освен што е убава таа поседува и многу таленти, како што е играње тенис и свирење пијано.
Сејхан е мажена за спортскиот коментатор Ерсин Догру, а свадбата беше годинава во март.
Инаку Пандев на ЕП на мечот со Холандија му беше последен во националниот дрес на Македонија.
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Иако македонската репрезентација претрпе три порази, еден од водечките холандски интернет портали „NOS Sport“ ги одбра најдобрите 11 во групната фаза на ЕП 2020. Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев го најде своето место меѓу најдобрите единаесетмина кои ја одбележаа групната фаза од Европското првенство.
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
За Пандев напишаа дека не е само човекот што ја однесе Македонија на ЕП, туку и одигра одлични три натпревари. Пандев го постигна првиот гол на ЕП за Македонија, се избори за пеналот против Украина, а имаше и одлични моменти против Холандија во последниот натпревар.
Фото: Инстаграм/ Сејхан Шашко
Фото: Инстаграм/ Сејхан Шашко
Фото: Инстаграм/ Сејхан Шашко
Фото: Инстаграм/ Сејхан Шашко
Фото: Инстаграм/ Сејхан Шашко
Фото: Инстаграм/ Сејхан Шашко