Еве зошто Том Хенкс е цар
Не само што секогаш игра добри момци во филмовите, туку тој е и навистина таков во приватниот живот, а тоа го потврди и со неговото неодамнешно изненадување, кое тој и неговата сопруга Рита Вилсон го направија во еден ресторан за брза храна во Калифорнија.
Имено, Том Хенкс (62) посети синџир за брза храна “In-N-Out” за да си порача некое јадење, па направи и неколку селфи фотографии со бројните обожаватели. На општо изненадување, тој исто така на сите им донесе ручек.
Фотографиите со Хенкс и неговата сопруга од местото на настанот ги споделија на Твитер луѓето кои биле во ресторанот во исто време како и тие, пренесува „Индипендент“.
https://twitter.com/BlackwatchCspla/status/1076728561824755712
Ако го следете во последните години авантурите на Хенкс, ќе сфатите дека тоа не е негово прво изненадување и дружење со неговите обожаватели. Тој во 2016 се појави неповикан на една венчавка и посети уметник кој потоа направи неколку фотографии во негова чест.
Look who visited Fontana In N Out! Woody himself, Tom Hanks, and he bought lunch for everyone! Nice! pic.twitter.com/LcNGr9S7X0
— Oak Park Elementary (@FUSD_OakPark) December 22, 2018
„Имав апсолутна чест да го запознам еден и единствениот Том Хенкс и неговата убава сопруга Рита Вилсон! Најкул луѓе што некогаш сум ги сретнал!“, напиша еден корисник на Твитер под фотографијата на која позираат заедно.
Иако не беше ангажиран во некој филм од 2018 година, Том Хенкс сигурно ќе има интересни ангажмани во 2019 година. Тој ќе се појави во ново-старата улогата на Вуди во „Toy Story 4″ и во најавената биографијата на Фред Роџерс, на познатата американска детска телевизија.